Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Упатство за употреба на картичката за „зелена нафта“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Упатство за употреба на картичката за „зелена нафта“
Субвенции

Упатство за употреба на картичката за „зелена нафта“

Последна измена: 28/10/2019 16:33
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Прво што треба да направат земјоделците е да отидат во подрачните единици на министерството за земјоделство и да си ја подигнат картичката за „зелена нафта“ каде што ќе им се објасни и начинот на употреба.

Упатство за користење на безготовинска картичка за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација

  1. Безготовинската картичка е наменате за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на РСМ.
  2. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи.
  3. Картичката заедно со ПИН кодот (кој е таен), упатството за користење на истата и решението за одобрена финансиска поддршка се подигнува во подрачната единица на Министерството за земјоделството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
  4. Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот чии име и презиме и дата на раѓање е испечатено на картичката.
  5. Корисникот е должен да се грижи за картичката и тајниот ПИН код.
  6. Евентуалното губење или кражба на картичката или пин кодот корисникот треба да го пријави на следените телефонски броеви: 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часот или на следната меил адреса:  [email protected]
  7. За реиздавање на картичката корисникот ќе треба да уплати 200,00 денари, додека за изгубен/заборавен ПИН 50,00 денари. Пријавата може да ја направи на тел.бр 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часотили на следната меил адреса:  [email protected]
  8. При првото полнење гориво со картичката корисникот ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ЈА ПРОВЕРИ состојбата на картичката и истата да ја спореди со износот на одобената финансиска поддршка утврдена во решението . Проверката се прави на касата на бензинските станици на Макпетрол АД. Доколку износите од решението и картичката не се истити, корисникот треба да изврши пријава во подрачната единица на министерството од каде што ја подигнал картичката.

Во случај кога целиот износ на картичката нема да се потроши при првото полнење на гориво, при секое следно полнење задолжително корисникот претходно треба да го провери расположивиот износ и во рамки на тој износ да наполни гориво.

Доколку наточениот износ на гориво го надминува расположивиот износ на картичката, разликата ја доплаќа корисникот од сопствени средства.

  • Плаќањето на горивото со картичката се прави откако ќе се заврши точењето. Корисникот пристапува кон касата на бнзинската станица каде јасно кажува дека ќе плаќа со картичка со пин код наменета за зелена нафта.

Ја става картичката во читачот, и по звучниот сигнал го внесува ПИН кодот. По извршеното плаќање на корисникот ќе му биде издадена фискална сметка, заедно со интерна сметка од точењето на горивото.

На самата интерна сметка корисникот ќе може да го прочита преостанатиот лимит на картичката.

Може да ви се допадне

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во првото тримесечје 5,7 милијарди денари
Исплатени субвенции за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи
Трипуновски: Обезбедени 132.000.000 денари за обнова на инфраструктурата за НАВОДНУВАЊЕ и ОДВОДНУВАЊЕ
Исплатени СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН
Пекарите контра земјоделците: Нека направат леб за 20 денари, ќе им го купиме целото производство!
Таг:денаризелена нафтакартичкапин кодподрачна
Претходен напис Органско производство на морков
Следен напис ТИКА со поддршка на Институтот за сточарство и едукација на сточарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?