Младиот Филип Прша (17), средношколец и ученик во четврта година на Земјоделско – ветеринарното училиштево во Осијек, веќе четврта година на имотот кој е во сопственост на неговиот татко, во местото Кутово недалеку од Ораховица одгледува кикиритки.
Првите 50 семки ги набавил преку интернет пред 4 години. Се сеќава, дека некој ги продавал на Фејсбук и тој одлучил да купи. Годинава стигнал до 2.500 семки и очекува род од неколку стотини килограми.

Кикирите одлично успеваат на славонската почва
„Од првите семки што ги насеав, добив околу 20 килограми, а тоа е колку половина вреќа компири. Се што добив, повторно посадив“, се сеќава Филип на почетокот на одгледувањето на оваа мешунка која потекнува од Аргентина, меѓутоа одлично успева и на славонската почва.
„Се изненадив колку добро успева. Мислам дека му одговара нашата клима, сонцето и плодната почва“, раскажува Филип нагласувајќи дека побарувачката е огромна. Откако во една група објавил со што се занимава, не престанувале да стигнуваат нарачки – сите сакаат да пробаат и сами да засеат. Колку била голема побарувачката, најдобро зборува тоа што веднаш се продале.
– „Со задоволство давам совети за одгледување, добро би било да пробаат повеќемина, а заинтересирани сме и за соработка и договорно производството на поголеми површини“, вели овој вреден и амбициозен земјоделец појаснувајќи дека кикиритките сакаат многу сонце и дека не поднесуваат трева. Се сеат на почетокот на мај, кога земјата ќе се згрее околу 15 степени, а родот се бери во октомври, кога зрната ќе поцрвенат.
– „Ако сакате висок принос, мора да се копа бидејќи цветовите се на долниот дел од растението, а на горниот дел се лисјата, па цветот кога е опрашен, мора да биде во земја“, стручно објаснува момчето кое одгледувањето на оваа култура го заинтересирала и поради тоа што има недостиг на пазарот. Во Хрватска кикиритките, најчесто можете да ги најдете пржени во масло или генетски модифицирани, а се работи за доста едноставно производство.

Виолетов компир и црвена пченка
Кикиритките не се единствена култура со која ова момче се занимава. Тука е и виолетовиот компир кој го добил од еден вработен во ресторан за супи, но и црвената пченка од чие семе, како што открива продал 150 килограми, а првите семиња ги добил од неговата наставничка во училиштето пред седум години. Семејството има и фарма за свињи. Станува збор за француска раса на свињи, со просек од 16 прасиња по легло, што е врв на генетиката во одгледувањето на свињи.

Во план на овој матурант, кој е благодарен на родителите што го научиле да работи но и на професорите за поддршката и помошта, му е запишувањето на Ветеринарниот факултет и отворање на сопствено земјоделско стопанство.
– ” Во земјоделството и во селото ја гледам својата иднина“, заклучува ова амбициозно момче.
Извор: Аgroklub.com