Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на компири без обработка на земјата – под слама или сено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Одгледување на компири без обработка на земјата – под слама или сено
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Одгледување на компири без обработка на земјата – под слама или сено

Објавено 04/04/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ваквото одгледување е едноставно и не бара копање и грлење, а се што ви треба е соосветна покривка на тлото.

Садењето на компири на конвенционален начин бара многу труд околу обработкатана почвата, копање , грлење и сл. Меѓутоа негативните ефекти од глобалните климатски промени како и ограничениот број на обработлива земја придонесоа за развивање на идеи за алтернативни методи за  одгледување на овој зеленчук без обработка на почвата, позната како површинско садење  на компири.

Како што пшува  gardeningknowhow, за вакво одгледување најважно е да се избере место со многу сончева светлина и добар покривач за подлогата, а многу е важно и тоа дека компировата златица многу ретко се јавува при ваквиот начин на одгледување.

Се препорачува како покривка на одлогата да се користи слама или сено

Наместо конвенционалната обработка на почвата со орање и припрема за садење, површината на подлогата се покрива со слој од 5-8 сантиметри слама или сено. За ова се потребни 100 киограми за 100 метри квадратни.Една квадратна бала со сено е тешка околу 15 килограми  и е многу евтина.

Пожелно е сламата или сеното кое ќе се користи да бидат влажни , постари и сецкани, но може да се користи и сува и свежа слама, но таквата ќе треба да се наводени со вода или со арско ѓубриво за да не може да ја однесе ветрот.

Доколку површината на подлогата е збиена  и обрасната со коров, можете да ја прекопате за да може подлогата да добие кислород. Во таа прилика збогатете ја со ѓубриво без разлика дали тоа ќе биде шталско или некое друго купено органско ѓубриво. Исто така може да се користи и компост или минерално ѓубриво.

Делумно обработената подлога овозможува збогатување на подлогата со додавање на соодветно количество на ѓубриво кое покасно коренот од компирите ќе го пронајде со пробивање на тенкиот слој на покривката и со вкоренување во подлогата, а развојот на компирите ќе се одвива на површината од покривката без контакт со почвата.

За садење потребно е температурата на воздухот да биде  од 8 до 10 ° C. Компирите се садат на растојание од 30 сантиметри по ред и 40 до 50 сантиметри помеѓу редовите. По садењето, покријте ги  со влажна сецкана слама до дебелина од 10 до 15 см. Сувата слама или сено треба да се натопат со вода или со  кашеста смеса бидејќи создава поволни услови за минерализација на покривката. Свежото сено  или арско ѓубриво, исто така, може да се попрскаат врз прекривка за понатамошно да се спречи да ги оддува ветрот, истовремено обезбедувајќи дополнителен извор на хранливи материи.

Додавање на нов слој

Кога растенијата ќе  достигнат висина од 15 до 20 сантиметри, треба да се стави нов слој прекривка со цел да се одржи влажноста и да се одржи поволната температура, како на пример во конвенционалното одгледување. По ставање  дополнителниот слој, покриеното растение  треба да се ослободи со расплетување, така што да може да расте понатаму и да формира силни стебла и лисја.

Берењето е многу едноставно

Една недела откако ќе  процветаат, младите компири се подготвени за вадење. Не мора да го откорнете  целото растение , туку само  само одплеткајте  ја сламата, повлечете ги поголемите компири и повторно затвотере  ја прекривка, така што помалите компири ќе  продолжат да растат и понатаму. Откако стеблото ќе се исуши, неговиот животен циклус е завршен и една недела подоцна, извадете ги останатите компири. Сламата само израмнете ја  и оставете ја да изгние, со што ќе се збогати почвата.

Извор Агроклуб

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Синпекс: Садачка за компири дворедна, Bomet 70/75 со депозитори на 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА со ДАЈНЕРС
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Таг:Gradinarstvoкомпиринов начин на одгледување компириодгледување компир
Претходен напис Козјото млеко, најголем заштитник на вашето здравје
Следен напис МН Компани: Срамота е колеги да ги уценувате земјоделците за 10 денари да ви ја носат зелката, институциите да реагираат веднаш
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?