Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новозеландската „Птица на векот“ е путекетеке
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Новозеландската „Птица на векот“ е путекетеке
Магазин

Новозеландската „Птица на векот“ е путекетеке

Објавено 15/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Путекетеке, необичната „птица која блуе“ што се одликува и со свој уникатен „обред“ за парење, победи на специјалниот натпревар „Птица на векот“ што се одржа на Нов Зеланд, триумфирајќи откако британскиот комичар Џон Оливер почна со кампањата за „аутсајдерот“.

Оливер дознал дека во гласањето не мора да учествуваат само жителите на Нов Зеланд, туку може да се гласа од каде било ширум светот, па го искористи своето популарно ТВ-шоу за да се вклучи во натпреварот и овој досега релативно непознат вид птици стекна светска слава. Така, необичната австралоазиска водна птица, којашто е загрозена од исчезнување, неочекувано победи со гласови и од Лондон, Мумбаи, Токио, Париз и други оддалечени градови и земји ширум светот.

Новозеландската интернет-енциклопедија го опишува „путекетеке“ (маорски назив за ‘голема гребенка’, на латински: ‘Podiceps cristatus australis‘) како величествена и посебна птица што ја сака водата, со впечатливи црни, бели и кафеави пердуви.

Чудните „птици што блујат“, како што Оливер ги нарече, се познати по тоа што си ги јадат пердуви за да поттикнат повраќање, и така да ги исфрлат паразитите од своето тело.

Овој вид птици е познат и по својот необичен ритуал на парење, што го изведуваат со „видливо задоволство“… Но, за жал – со мал успех (се верува дека бројот на путекетеке на Нов Зеланд паднал под 1.000 единки). Имено, мажјакот ја привлекува женката со плевел што му виси на клунот. Потоа, двете усогласени единки се удираат со градите, по што почнуваат со заедничкото „чврчорење“ при парењето, како што вели описот.

Организаторите на натпреварот соопштија дека имало вкупно повеќе од 350.000 гласови од цел свет.

Но, мешањето на Џон Оливер во гласањето вознемири многу Новозеланѓани. Активистот за заштита на птици, Мајкл Бартон-Смит, на пр., смета дека гласовите од странство „го поткопале интегритетот“ на натпреварот. Како и да е, путекетекето со над 290.000 глаови убедливо ги победи северноостровското кафеаво киви (12.900 гласа) и третопласираната кеа (12.000 гласови). 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:НовозеландскатаПтица на векотпутекетеке
Претходен напис Од петок постудено со дожд и снег
Следен напис Николовски од Студио 10 на ТВ 24: Позитивниот извештај од ЕУ за напредокот во земјоделството е потврда за посветената работа на министерството и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?