Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Студио 10 на ТВ 24: Позитивниот извештај од ЕУ за напредокот во земјоделството е потврда за посветената работа на министерството и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Студио 10 на ТВ 24: Позитивниот извештај од ЕУ за напредокот во земјоделството е потврда за посветената работа на министерството и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо
Агровести

Николовски од Студио 10 на ТВ 24: Позитивниот извештај од ЕУ за напредокот во земјоделството е потврда за посветената работа на министерството и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо

Објавено 15/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последниот Европски извештај дава добра оценка во делот на земјоделството, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во своето гостување во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 Вести. Тој додае дека Европската Унија јасно нотира постигнат значителен напредок во текот на известувачкиот период во сите области на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, фитосанитарната и ветеринарна политика и рибарството како и во подготовките на Акцискиот план 2021-2027 за Националната стратегија за земјоделство и рурален развој, вклучувајќи ги и мерките за финансиска поддршка од Националната програма за развој на земјоделството 2023-2027.

„Во извештајот се нотираат закони како донесениот закон за зоотехника, новиот закон за советодавни услуги кој е во собраниска процедура, подготвените закони за земјоделство и уредување на пазарите, за органско производство и новиот закон за рибарство кој е во владина процедура. Ова е доказ за посветената работа и труд што ги вложуваме како министерство, но и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо, сигурно кон европското семејство. Извештајот исто така, јасно укажува и посочува, дека веднаш треба да престанат блокадите во Собранието и предложените закони да се усвојат во парламентот“, истакна министерот Николовски.

Европскиот извештај јасно го констатира добриот напредок во руралниот развој и искористеноста на ИПАРД 2 програмата, новата програма за школски шеми во училиштата и градинките, напредок во контрола на болеста кај животните, развиениот нов фитофармациски информативен систем, новото ортофото снимање.

Поддршката која ја добиваме од Европската Унија е важна и придонесува во развој и модернизација на македонското земјоделство.

Нашата цел е полноправно членство во Унијата, истакна министерот Николовски, додавајќи дека токму во таа насока министерството за земјоделство овој период посветено работи на повеќе активности, со цел усогласување на трите области земјоделство, шумарство и водостопаснтво, со регулативите на Европската Унија, а посветеноста на министерството е препознаена и вреднувана во последниот извештај на Унијата.

Дополнително последните најави од Европската Унија за вклучување на Западен Балкан во единствениот пазар отвараат можност македонските земјоделски производи да се пласираат на пазарот во Европската Унија, под истите услови како за земјите членки на Унијата. Тоа би значело дека македонската зелка ќе може да се пласира на пазарот во Европската Унија под исти услови како зелката од Полска. Македоснкиот бостан да биде еднакво третиран како и грчкиот. Македонскиот ориз и јаболката да добијат нови пазари, македонскиот производ да стане препознатлив и конкурентен  на пазар од 450 милиони потрошувачи, кои живеат во земјите членки на Европската Унија.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:еуземјодеслтвотомотивНиколовскиПозитивниот извештајтемпо
Претходен напис Новозеландската „Птица на векот“ е путекетеке
Следен напис Николовски: Поради болестите и климатски промени, лозарите ќе добијат дополнителни 12 илјади денари по хектар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?