Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новаци работи на проектот од агроотпад до корисно обновливо гориво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Новаци работи на проектот од агроотпад до корисно обновливо гориво
Агровест

Новаци работи на проектот од агроотпад до корисно обновливо гориво

Последна измена: 08/11/2019 16:54
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Општина Новаци со Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието од македонска страна и тројцата партнери од грчка страна денес одржаа работилница за формирање на кластер за биомаса во рамки на проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“. Овај проект е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција 2014/2020 година.Вкупниот буџет на проектот е со висина од 670 илјади евра, од нив 216 илјади евра се за општина Новаци, а 50 илјади евра за Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието.Главната цел на проектот е да се подобри управувањето со агроотпадот кој што ќе се трансформира во корисно обновливо гориво што би резултирало со еколошки и економски придобивки, вели градоначалникот на општина Нваци Љубе Кузманоски.

-Општина Новаци во делот на овај проект ја има набавено потребната механизација за собирање на биомасата од каналите и речните корита и каналите, остана да се набави уште котелот  со која што ќе ја загреваме градинката, Амбулантата и горниот кат од Младинскиот културен центар. Со ова сакаме да покажиме дека не само дрвото, јагленот и нафтата е годиво за загревање, туку и биомасата која ќе ја собираме ќе ја сушиме и ќе ја балираме ќе ја користиме како гориво за загревање на градинката и со тоа сакаме да покажиме дека постојат и други алтернативни извори на загревање кои што не ја загадуваат животната средина, рече Љубе Кузмановски градоначалник на Новаци.

Општина Новаци досега има искористено три проекти за прекугранична соработка од ЕУ Фондовите. Досега има успешно имплементирано три проекти а ова е четврт проект. Вкупната сума на буџетот за сите четири проекти е 1 милион и 800 илјади евра. Од општина Новаци велат дека поголемиот дел од механизацијата потребна за чистење и сечење на нискостеблестата вегатација од речните корита ја набавиле од компанијата Евростил од Битола.

Партнерите од Грција велат дека се споделуваат искуствата од проектот а бенифитот бил голем за сите.

-Процесот на карбонизација е многу жешка тема во Европа а особено во Грција, па до 2028 година сите фабрики за олово мора да се затворат во Грција. Затоа мора да најдеме решение и сметаме дека биоенергијата е дел од тоа решение. Создавањето на биоенергијата е со употреба на биомаса  и локални компании и затоа создавањето на кластер е битно и тука сме денес тоа да го елаборираме. Затоа денес сме тука да му помогнеме на градоначалникот и на сите други компании да можат да го направат овај кластер во регионот. Кластерот веќе постои во Грција, целта ние е да се направи кластер во регионот, а потоа ќе се потпише меѓусебен меморандум за соработка на овие кластери за да можат да ја засилат фазата за идна соработка, рече Јанис Фалас директор на Кластерот од Република Грција .

На денешната работилница беа презентирани можности за формирање на кластер во Пелагонискиот регион.

– Од извршените статистички истражувања може да се заклучи дека постои значителен потенцијал на биомаса од растително и животинско потекло која се генерира на малите земјоделски стопанства и на индустриските капацитети во овај регион. Позитивните искуства од формираните биокластери во земјите членки во ЕУ се појдовна основа за вклучување на сите чинители во насока на формирање на биокластер во Пелагонискиот регион,рече Борче МИтревски од Центарот за енергетска ефикасност.

Проектот започна во 2018 година, а треба да заврши до крајот на мај наредната година.

извор: ТВ Тера

Може да ви се допадне

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Претходен напис Собирање на слама за потребите на Пречистителната станица, една од мерките за почист воздух
Следен напис Празник и денот врнежлив, но петок е, за битолчани тоа е пазарен ден…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?