Министерот Љупчо Николовски денеска ја посети малата семејна винарија „Илиеви“ во селото Сопот, која е добитничка на грант со кој го модернизира производството на вино.
„Денеска сум во посета на малата семејна винарија Илиеви во село Сопот, Тиквешки регион. Добитници на многу награди, доминираат на винската карта со нивното превкусно сортно вино. За прв пат имаме програма за поддршка на малите семејни винарии. Доделивме 59 грантови од 10 илјади евра. Токму оваа мала семејна винарија е добитник на грант со кој си го модернизира производството. Оваа програма ќе ја има и следната 2023 година.
Обезбедени се 70 милиони денари за малите производители на вино, на храна и на дестилерии. Малите семејни винарии се богатство на нашата земја, заедно ќе ја развиваме винската култура, и ќе ги промовираме ширум светот и Европа.“, рече Николовски при посетата на винаријата.
Напишете коментар