Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Земјоделски субвенции – како да се поделат, а да имаат развоен ефект
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Интервју > Николовска: Земјоделски субвенции – како да се поделат, а да имаат развоен ефект
Интервју

Николовска: Земјоделски субвенции – како да се поделат, а да имаат развоен ефект

Објавено 30/01/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделски субвенции – топ тема за сите производители, особено кога се носат програмите на МЗШВ и одлуката на Владата за кои производства и колку пари државна поддршка ќе се издвојува.

Ако тргнеме од ЕУ, би требало 40% од Буџетот да биде само за земјоделски субвенции и рурален развој. Ако останеме каде што сме, разговараме за 120 милиони евра во буџет од над 5 милијарди евра.

Но дури ни висината на земјоделските субвенции не е дискутабилна, колку што е моментот – на што се даваат овие пари, дали се инвестираат повторно во производството и зошто е постојаното незадоволство на земјоделците кои изминатите 10 години со 1,5 милијарди евра се помогнати од државата. Се чини дека целата дискусија околу земјоделските субвенции е во негативна конотација, површно, со недоволно факти и информации. Но не е човек да замери – има бројки кои укажуваат на тоа дека нешто не е како што треба.

Увоз на храна 2014 година – 517 милиони евра увоз

Увоз на храна 2024 година – 968 милиони евра

Во истите години имаме пад на обработливи површини, производство и намалување на добиточниот фонд.

Ваквата состојба не е поради лоши земјоделци или компании, повеќе мислам дека проблемот е суштински – немање стратегија, ама не на 200 страни, туку едноставна и применлива, по примерот на една Албанија. Со 20 милиони евра, пред 5-6 години, го зголемија домашното производство на храна со едноставен пристап – видоа што увезуваат (пример ресенските јаболка) па субвенционираа подигање овошни насади, и други земјоделски култури и на тој начин го намалија одливот на девизи за увоз. Исто така видоа и што извезуваат, форсираат оранжериско производство, градинарство, тоа што имаат компаративни предности и го зголемиот извозот. При тоа не се правеше разлика, ниту скалесто субвенционирање затоа што беше важно да се субвенционира ПРОИЗВОДСТВО, а не фирма или земјоделец.

Кај нас, со години се менуваше „тактиката“ на поделба на субвенциите зависно од лобирање на одредени групации, здруженија, задруги, компании…некои со аргументи, некои со привилегии. Исто така се правеа различни обиди што ќе дадат најдобар ефект, ама се некако се балансираше меѓу социјална мерка и субвенции за тие што сериозно се занимаваат со земјоделско производство.

Ако тргнеме од ставот дека се субвенционира производство, односно корисници на субвенции кои државната помош ќе ја инвестираат во нова технологија, квалитена заштита, прихрана, а со тоа ќе имаат зголемен принос, квалитетен производ кој нема проблем за пласман. Ваквите производители ќе го зголемат и домашното производство на храна, ќе се намали зависноста од увоз, тие компании ќе склучат договори со помалите земјоделски производители на кои ќе им го решат проблемот со пласманот, ќе им го авансираат производството и уште многу други позитивни ефекти, тогаш се поставува прашањето – зошто на таквите компании им се кратат субвенциите?

Не зборуваме за некаква праведност, мали, големи, па добиле тие земја, па се моќни имаат пари…еве така е, ама тоа е резонирање за во кафеана, или пред продавница. За стратегија и канцеларија, не е затоа што кога ги имате бројките кои се постојано во пад, на скоро сите производства, логиката вели, кој и како може да ја промени состојбата во интерес на сите граѓани и на државата.

Тој со 2 крави, тешко, со 10 декари пченица исто така… но состојбата може да се промени со оние што имаат големи површини или поголем број на крупен и ситен добиток. Скалестото субвенционирање го заштедува буџетот но тие пари можат значително да придонесат во зголемување на домашното производство на храна, ако ги имаат поголемите за да ги инвестираат во зголемување на производството. Тоа лесно може да се следи и контролира, односно да се услови со зголемување на засеани површини, зголемен род, извоз, соработка со помалите земјоделци итн.

Еве еден пример со пченицата која секоја години се сее се’ помалку поради нерантабилност на помалите и покрај 100% субвенција, а тие што имаат поголеми површини добиваат 30, 20 или 10 % од субвенциите па и нив не им се исплати.

А нашите годишни потреби се 300 000 тони, од кои 250 000 се обезбедуваа од домашно производство а останатите се увезуваат, најчесто од Србија. За да може да имаме домашно производство на пченица како стратешка култура, важно е да се стимулираат сите што имаат површини да се засејат. Со нови 20 000 ха и просечен принос од 3 тона од ха може да се достигне да не бидеме зависни од увоз и лебно жито да имаме од домашно производство.

Истата математика може да ја направиме со сите производства за кои имаме реални можности да се зголемат, ако земјоделските субвенции одговорат на предизвикот и не се делат на оние за мали и оние за големи туку за сите што ПРОИЗВЕДУВААТ.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Еврото ослабе, доларот достигна највисоко ниво во последните недели
Самит Македонија2026: Помошта од дијаспората не е само со пари
(ВИДЕО) Иротова – Лазарева: Продолжува исплатата, потпишување на договори, а следно ќе бидат нови повици за ИПАРД
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Измени во законот за извршување – синдикатите бараат да се укинат енормните давачки, во спротивно ќе има протести
Таг:интервјуколумнамиијарди еврапари
Претходен напис УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 30.01.2025 година
Следен напис Утринска магла, а потоа сончево и топло до 17 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?