Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Самит Македонија2026: Помошта од дијаспората не е само со пари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Самит Македонија2026: Помошта од дијаспората не е само со пари
Агровести

Самит Македонија2026: Помошта од дијаспората не е само со пари

Објавено 14/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како дијаспората може да и помогне на Македонија и кои предизвици се појавуваат во обидите да се направи тоа беа прашањата во фокусот на панелот „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ (Diaspora as Strategic Capital: Giving Back Home) на дводневниот Самит Македонија2026, што завршува попладнево во Скопје.  

-На дијаспората не и треба мотивација, љубовта е присутна. Она што недостасува е структура, основа, платформи, долготрајни заложби, не еднократни донации…Второ, придонесот не се само пари, туку тоа може да бидат стандарди, управување, експертизи, менторирање, подучување, обука… Овие работи ги градат државите исто како што го прави тоа капиталот. Третото е за сите оние кои се уште „седат на оградата“ доаѓањето е опција, а за тоа доказ е Џери. Тоа е можно – заклучи модераторката на панелот Вал Јусуфи, од косопственик и основач на Леорон институтот.

Митре Кутановски, коосновач на Македонија2025 и претставник на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ рече дека помошта не треба секогаш да е во пари туку и во насоки и за тоа колку се грижите да помогнете на некој начин на земјата. Посочи пример од пред неколку години кога нашинци од Кичево го побарале да им помогне во Македонија да бидат пренесени болнички кревети, а тој успеал да помогне тие да бидат донесени во земјата како хуманитарна помош без да се плати за превоз од САД. Кутановски укажа и на бариерите со кои се соочуваат нашинците кои сакаат да помогнат посочувајќи на недостаток на комуникација и доверба во Македонија. За да знаат дека парите што ги собрале во нивната црква во САД за семејствата на загинатите во Кочани ќе завршат во вистински раце, во Македонија допатувал нивен претставник. Во друг случај за канти за смет што биле набавени од Германија за Струга им било побарано да платат царина, но исто така им било порано една да биде подарок, а тие не биле ставени во функција еден месец. Медицинска опрема стоела шест месеци надвор од употреба бидејќи не била одобрена од министерството. Тој апелираше до властите да ги олеснат процедурите. 

За да запре „одливот на мозоци“ тој ги повика нашинците да отворат свои бизниси во Македонија и да вработат луѓе од овде. 

Тања Михајловска Димитриевска, аудит директор во Barclays UK рече дека постојат и други начини да се помогне како со воведување стандарди, обуки, тренинзи… особено од професионалци кои работат во странски компании кои можат да пренесат знаење и искуства. Смета дека во земјава е потребно да има предвидливост и одлуките да не се остават да ги носат индивидуалци, да се прифаќаат предизвици. 

Емил Христов, американски претприемач, сопственик на Домасело и дел од Бордот на директори на Македонија2025 посочи дека откако тој отворил свој бизнис во Македонија, повлекол и други негови пријатели да го направат тоа, а сега веќе во земјата има повеќе американски компании. За тоа дали во Македонија има лоши работници, вели дека се е до умешноста на менаџирањето и како се однесуваш со вработените. 

На панелот зборуваше и Џери Наумоф, директор во Рамбл, кој се врати во Македонија од САД и сега живее тука. Според него, една од бариерите овде е бирократијата. Во Македонија се вратил на покана на поранешен премиер да работи во Владата, а потоа останал и основал оутсорсинг команија која има илјада вработени.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дијаспоратаМакедонија2026париПомоштасамит
Претходен напис Трет состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда
Следен напис Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6.9 %
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?