Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еврото ослабе, доларот достигна највисоко ниво во последните недели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Еврото ослабе, доларот достигна највисоко ниво во последните недели
Агровести

Еврото ослабе, доларот достигна највисоко ниво во последните недели

Објавено 08/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вредноста на американскиот долар значително се зголеми во текот на изминатата недела, поттикната од подобрите од очекуваните податоци за состојбата на пазарот на труд во САД, кои ги засилија очекувањата дека Федералните резерви би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки до крајот на годината.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на шесте најзначајни светски валути, порасна за 1,3 проценти и достигна 100,07 поени.

Истовремено, еврото ослабе за 1,4 проценти и се спушти на ниво од 1,1520 долари, додека американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен за 0,7 проценти, достигнувајќи курс од 160,29 јени за еден долар.

Најголем поттик за растот на доларот дадоа најновите податоци од американскиот пазар на труд. Во петокот беше објавено дека бројот на вработени во мај се зголемил за 172.000 лица, што е значително повеќе од прогнозите на аналитичарите. Во исто време, стапката на невработеност останала на ниво од 4,3 проценти.

Економистите оценуваат дека овие показатели потврдуваат дека американската економија и натаму покажува отпорност, што ги намалува очекувањата за евентуално намалување на каматните стапки во блиска иднина.

Дополнителен фактор претставува и растот на инфлациските притисоци, поттикнат од високите цени на нафтата во услови на продолжени геополитички тензии на Блискиот Исток. Поради тоа, на финансиските пазари сè почесто се проценува дека Федералните резерви би можеле да се одлучат за ново зголемување на каматните стапки до крајот на годината, иако таквиот потег би можел да придонесе за забавување на економскиот раст.

Може да ви се допадне

Црвена етикета за „лажните млечни производи“
Нафтата нагло поскапе на светските берзи, Брент над 97 долари за барел
Новата фабрика на Винчини, 8.5 милиони евра инвестиција, нови работни места
Андоновски: На 12 јуни започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“
Андоновски: Со смарт лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста
Таг:доларипари
Претходен напис Новата фабрика на Винчини, 8.5 милиони евра инвестиција, нови работни места
Следен напис Нафтата нагло поскапе на светските берзи, Брент над 97 долари за барел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?