-Од 15 ноеври наваму, сите контроли што се направија потврдија дека нема системски пропуст. Со тие проверки на 400-500 предмети, за делот ИПАРД 3 се констатира дека се запазени процедурите, така што го исклучуваме директорот како изолиран случај – вели директорката на АФПЗРР Даниела Иротова – Лазарева во интервју за Телевизија Сител.
Таа ги најави новините кои ќе следат како начин за враќање на довербата кај земјоделците.
– Изготвивме Упатство за движење на документи за да не се задржуваат повеќе од 2 дена во ниеден сектор па и кај директор за потпис на решение. Во тек се исплати на средства од ИПАРД на апликанти. Од моментот на ставање на блокадата, блокирани беа за исплата 60 предмети со истечени рокови за исплата. Првите предмети ги доставивме за исплата, до 15 мај се исплатат од Министерство за финансии. треба да се исплатат 2.1 евра, а од вториот квартал уште 2 милиони евра – изјави Иротова.
Директорката Иротова најави од понеделник продолжува склучување на договорите по Мерка 7 и Мерка 3, на проекти кои се завршени но беа стопирани заради случајот со корупција на поранешниот директор.
-Во овој период пред распишување на нови повици ќе се обидеме да ја вратиме довербата на земјоделците, за тоа спремивме нови и олеснети процедури за аплицирање. Новите повици ќе се аплицираат електронски, а потоа формално ќе ја достави и писмено, но да исклучиме субјективизам и директен контак на човечки фактор. Ќе има и модификација на процесот за аплицирањ 20-30% од процесот ќе биде олеснет за да не трае „маратонски“. Има голем интерес за аплицирање, генерално е за земјоделство, но имаме проекти за Рурален туризам – рече Иротова.
