Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Неодоливиот вкус на традицијата во Крива Паланка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Неодоливиот вкус на традицијата во Крива Паланка
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Неодоливиот вкус на традицијата во Крива Паланка

Објавено 23/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постојат бројни причини што ги привлекуваат туристите да ја посетат наша мала но мила земја, а освен долгата и богата историја со инспиративни приказни, неодминливо привлечна е вкусната и традиционална храна, традиционалните македонски јадења и специјалитети на кои не останува рамнодушен секој што ги пробал.

Нашата кујна е само уште еден белег на нашата богата традиција, а нејзината разновидност се огледа во секој град, со уникатни специјалитети кои се обележје на општините.Крива Паланка е град што може да се пофали со богата трпеза полна со љубов, со бројни предјадења и јадења што ниту еден турист не го оставаат рамнодушен.

И освен зелниците подготвени на традиционален начин, питите, чорбите и слатки јадења, нешто што е карактеристично само за овој град е кривопаланечкиот симит. Симитот е специјалитет што се приготвува по истата рецептура со векови и го има задржано истиот вкус и шмек уште оттогаш.Се приготвува на посебен начин со тајни состојки, но едно нешто што го знаеме и никој не се сомнева во тоа е дека тоа мало чудо од храна мора да се проба при секое доаѓање во овој град. Едни од познатите состојки на симитот се наут, мелена леблебија, брашно, сол и квасец специјален за овој симит и приготвен на посебен начин. Секој што го пробал го има запаметено засекогаш и топло го препорачува.

Пораката на сите мештани, но и посетители е дека не смееш да поминеш или дојдеш во овој град, а да не пробаш кривопаланечкиот симит.  

Освен симитот, вкусот на традицијата го карактеризира и Шопската салата, надалеку позната и многу барана низ сите ресторани и домови низ Балканот, но како што кажува и самото име таа потекнува токму од овој крај и регионот на тромеѓето кадешто е лоцирана Крива Паланка.

И овде, во Крива Паланка, се готват и служат многу јадења за кои би можеле да пишуваме, но за сега тоа е доволно, а и колку и да пишуваме залудно е доколку не дојдете во Крива Паланка да се уверите и уживате во храната.

Токму поради тоа што кривопаланечката трпеза предизвикува радост на вистинските љубители на традиционална и органска храна, имаме огромна желба тоа да го споделиме со остатокот од светот и да им го доловиме и овозможиме и ним тоа задоволство.

Повелете во Крива Паланка!

Извор: Крива Паланка на дланка

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Крива Планканеодолив вкустрадиција
Претходен напис Николче Бабовски, денес оствари прва официјална средба со претседателот и претставници на Ветеринарната комора
Следен напис Тутунот се откупува, притисокот е на Второстепената комисија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?