Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунот се откупува, притисокот е на Второстепената комисија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунот се откупува, притисокот е на Второстепената комисија
Агровести

Тутунот се откупува, притисокот е на Второстепената комисија

Објавено 23/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутунот продолжува непречено и има мало подобрување на линијата, а притисокот сега е најголем на Второстепената комисија каде пристигнуваат голем број приговори, констатираа денеска од Земјоделскиот инспекторат, од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп и од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, сите се постојано на теренот, кај откупните пунктови.

– Го следиме постојано текот на откупот. Има незадоволни тутунари, има оспорувања. Второстепената комисија денеска беше во Долненско, ги проверуваме приговорите и незадоволствата. Но, мора да кажеме има и случаи каде тутунарите имаат влажен тутун, па го повлекуваат за да се исуши. Но, ја повикуваме Второстепената комисија на теренот активно да ги решава случаите на оспорување на откупот, ни рече Пачешкоски.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија смета дека упорноста за буден надзор за реален откуп ќе даде резултати.

– И ние, заедно со Иницијативниот одбор на тутунарите сме постојано на теренот. Има оспорувања на откупот. Ако сме упорни и го продолжиме притисокот за реален откуп, ќе може да се подобри ситуацијата.

Има благо придвижување, а ние нема да дозволиме тутунарите да бидат оштетени, вели Стомнароски.

Како што информира Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат само вчера се достасани нови 40 приговори, што заедно со претходните над 100 во овој откуп, досега не е забележано. Откупени се близу 3000 од реколтата од над 23000 тони тутун.

За утре, претставниците на тутунарите, најавија средба со премиерот Зоран Заев.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Второстепена комисијатутун
Претходен напис Неодоливиот вкус на традицијата во Крива Паланка
Следен напис Од годинашниот Буџет обезбедени 44 милинои денари за спас на Преспанското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?