Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Козарството може да биде доходовен бизнис: Алпските кози даваат и по 900 литри млеко годишно


Козарството во последните години стана исплатлив бизнис  и за нашиот регион, иако со тежок пазар има стабилен приход. Тоа воедно претставува и долгорочна инвестиција која нема да се исплати преку ноќ. Потребно е доста време, знаење и умешност за да овој бизнис стане профитабилен. Непходно е да се совлада теориско и практично знаење за расите на кози, исхраната, чувањето, негата и здравствената заштита на козите. Еве што стручњаците им советуваат на почетниците во козарството.

Цел на одгледувањето

Луѓето обично се решаваат за одгледување на кози, поради производството на козјо  млеко и месо, за сопствени потреби или пак за комерцијални цели. Ако на ум го имате производството на млеко, треба да знаете дека некои раси на кози можат да дадат и до 900 литри млеко годишно, како на пример алпските раси. Од друга страна и производството на месо е многу доходовно- секој јарец ќе даде помеѓу 11 и 18 килограми месо, а секоја коза ќе окози најмалку по едно јаре годишно. На цена се и козјата кожа, производите од крзно на некои раси на кози и ткаенини од козјо влакно, а најбарани се производите од органски хранети кози и оние кои слободно пасат

Раси на кози

При изборот на расата на козите , водете се  од спецификите и  типот на производството, но трудете се да одберете раса  која е продуктивна, а водете сметка и за локалитетот на кој ќе бидат одгледувани козите и побарувањата на пазарот на кој ќе ги нудите своите производи.

Ако се одлучите за производство на млеко и млечни производи, одберете ги таканаречените  млечни раси на кози –алпска, санска, нубијска, тогенбутшка, ламанчанска и оберхасли кози. Кога станува збор за производство на месо, бурската коза е “најмесната”, макар што за тоа се погодни сите раси, а најчесто се бираат јарци, млади јариња и кози кои повеќе служат за размножување.

Чување и грижа

Секоја возрасна коза бара најмалку 1,5 метри личен простор, а за козата која што се окозила  потребна е и посебна просторија бидејќи јарињата мора да престојуваат во чист и сув простор се додека не наполнат 14 недели. Шталата мора да има добра заштита од временските услови-сонце,  дожд, ветер, снег и да има константен проток на воздух. Во зима препорачливо е да се обложи со слама или пилевина  со што на козите би им било потопло. Козите можат да скокаат прилично високо а можат и да “залутаат” во потрага по  храна, па затоа неоходна е огрдада најмалку 1,2 метра висина која воедно ќе послужи и како добра заштита од грабливци.

Исхрана

Ако имате можности , пуштете ги  козите слободно да  пасат но хранете ги и со бујна лисната сеча, со детелина и со глуварче, а во зима со сено.

Ако на козите им давате квалитетно сено од детелина , ќе јадат помалку зрнеста храна што во големи количини  може да предизвика и потешкотии со варењето. На пример по коза доволно е околу половина килограм храна на ден.  Добро би било во храната на козите да им додавате и минерали и витамини, посебно во зима, а особено е важно да им обезбедите доволно чиста и свежа вода во согласност со нивните потреби.

Здравствен заштита

Превенцијата  е најдобра заштита. Вакцинирајте ги козите еднаш годишно против  ентеротоксемија и тетанус. Исто така чистете ги од паразити и обезбедете им заштита од крлежи и вошки во текот на еснта и пролетта . Редовно подкаструвајте им ги папците за да не им зараснат и така ќе спречите дополнителни повреди.

Извор: https://www.blic.rs/

Окт 30, 2019agrotim2
(ВИДЕО) Кога сме кај тиквите...Одгледајте гигантски тикви со помош на модерната технологијаНајскапиот зачин на светот: ШАФРАН

Напишете коментар Откажи одговор

30/10/2019 Сточарско производстводоходовен бизнис, козарство, кози, одгледување на кози4,558

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019