Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над една третина помалку вода во Калиманци, пролонгиран планот за наводнување од хидросистемот Брегалница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Над една третина помалку вода во Калиманци, пролонгиран планот за наводнување од хидросистемот Брегалница
Шумарство и водостопанство

Над една третина помалку вода во Калиманци, пролонгиран планот за наводнување од хидросистемот Брегалница

Објавено 22/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неповолната хидролошка состојба и слабите врнежи во текот на зимскиот период скоро за еден месец го пролонгираат донесувањето на годишниот план за наводнување од хидросистемот Брегалница.

Во споредба со минатата година, за претстојната сезона недостасува над една третина од потребната количина вода, поради што во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани сè уште се прават пресметки за површините со ориз и други земјоделски култури што би можеле да се наводнуваат со сегашните ресурси.

-Сезонава ќе ја почнеме со минус од 35 милиони кубни метри вода. Во моментот во браната Калиманци се акумулирани околу 76 милиони, а во истиот период лани имавме 115 милиони кубни метри вода. Таквата состојба е главна причина поради која утврдувањето на планот за наводнување за оваа година го пролонгираме до крајот на март. Очекуваме со постојниот доток да се обезбедат барем осумдесетина милиони кубни метри. Јасно е дека со таквата количина вода значително ќе се намалат површините што ќе бидат опфатени во планот и за кои ќе имаме обврска да обезбедиме наводнување до крајот на сезоната. Се прават калкулации кои полиња ќе бидат одбиени од каналската мрежа на хидросистемот, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“.

Намалување на површините што ќе се наводнуваат ќе има кај сите земјоделски култури, но најмногу ќе го почувствуваат оризопроизводителите. За разлика од лани, кога се наводнуваа околу 3.500 хектари со ориз, проценките се дека во кочанскиот регион сезонава ќе има над илјада хектари помалку.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
(ВИДЕО) Протест на оризопроизводителите во Чешиново-Облешево: Скапи репроматеријали, ниска откупна цена и неизвесна сеидба
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Трипуновски на средба со производителите и откупувачите на ориз
МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Таг:калиманцикочаниоризхидросистем
Претходен напис Избор на најсоодветна почва за подигнување нови насади со малини
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?