Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Избор на најсоодветна почва за подигнување нови насади со малини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Избор на најсоодветна почва за подигнување нови насади со малини
Растително производство

Избор на најсоодветна почва за подигнување нови насади со малини

Објавено 22/03/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Малината е лесна за одгледување и почнува да плодоноси во втората година по сеидбата, додека во третата година достигнува целосен род. Плодот зрее во јуни и јули кога на пазарот нема доволно свежо овошје и е погодна за консумација како свеж плод или може да се замрзне и користи во текот на целата година.

Клучните елементи за подигнување на нов малинов насад и добивање на високи приноси се:
1) Избор на соодветна локација за подигање на насад;
2) Соодветна подготовка на почвата;
3) Избирање на соодветен датум за сеидба;
4) Избор на здрава (сертифицирана) садница;
5) Густина на сеидбата (модел на одгледување);
6) Исхрана на растението;
7) Заштита на насадот; и
8) Наводнување.

Во продолжение ќе се задржиме на изборот на соодветна локација за подигање на насад и соодветна подготовка на почвата.

Како повеќегодишна култура, малината се одгледува од 20 до 25 години на истата парцела, а некогаш и подолго. Затоа, многу е важно да се избере соодветно место за подигнување на нов насад на малини.
Малината најдобро се одгледува кога е целосно изложена на сонце, има добра вентилација, има доволно количество на влага и е заштитена од ветер и студ. Променливите зимски и пролетни температури имаат најголем потенцијал да предизвикаат штета кај насадите со малини.
Пожелно е насадот да е поставен на локација со добра циркулација на воздухот бидејќи тоа ја намалува можноста за многу габични заболувања. Диви малини и капини кои растат околу парцелите предвидени за садење исто така може да бидат проблем. Тие се добро живеалиште за штетници и често претставуваат извор на вируси и габични патогени. Ако е можно, отстранете ги сите такви диви растенија кои се на оддалеченост од најмалку 200 метри од новиот насад.

Избор на најсоодветна почва за подигнување на нов насад

Малината најдобро се прилагодува на високо порозни почви кои содржат високи нивоа на органска материја (> 3%) и чија киселост (pH) е меѓу 5,5 и 6,5. Во потешки, помалку порозни почви постои ризик за појава на болести на коренот, но тие исто така може да се ублажат до одреден степен со избор на отпорни сорти малина, со поставување на повисоки трапови или со примена на хемиски средства.
Околу 90% од кореновиот систем на малината се наоѓа на длабочина од 50 см под површината на почвата.

Подготовка на почвата

Подготовката на почвата треба да обезбеди нормален раст и развој на коренот на малината.
Бидејќи малината е повеќегодишно растение, подготовката на почвата мора да се спроведе правилно и навремено. Подготовката на почвата за подигање на насади со малини вклучува:
-Уништување на плевели;
-Чистење на камења, плевели и други остатоци во почвата;
-Ѓубрење со арско ѓубре;
-Орање;
-Култивација.
Парцелата за подигање на малини се ора на почетокот на есента, на длабочина од 40 до 50 см. По орањето, сите остатоци од плевели и претходни култури треба да се соберат и да се изнесат подалеку од парцелата, а потоа почвата де се иситни и култивира со диск култиватор.

Пред сеидбата, почвата треба да се третира со хербицид заради уништување на плевелите.
Подготовката на почва може да започне 1-2 месеци пред да почне садењето на малини. Доколку претходно на парцелата се одгледувалa пченка или луцерка, таа не мора да се третира со
хербицид.
Бидејќи почвата се прочистува од плевелите, камењата, корените и трупците, потоа се пристапува кон ѓубрење со органски и минерални ѓубрива.
Потребната количина на ѓубрива зависи од типот на почвата и нејзината плодност. Количината се движи од 60 000 кг/ха арско ѓубре доколку се аплицира на целата површина или 25 000 кг/ха
арското ѓубре доколку се аплицира само во редовите каде што ќе се садат малините.
Препорачливо е пред подигање на нов насад да се направи агрохемиска анализа на почвата која ќе овозможи соодветно планирање на ѓубрењето.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:малина
Претходен напис До крајот на неделава стабилно и потопло, од понеделник дожд
Следен напис Над една третина помалку вода во Калиманци, пролонгиран планот за наводнување од хидросистемот Брегалница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?