Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Даваме навремена поддршка за секој земјоделец – Само минатата недела исплатени 108,6 милиони денари финансиска поддршка кон македонските земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > МЗШВ: Даваме навремена поддршка за секој земјоделец – Само минатата недела исплатени 108,6 милиони денари финансиска поддршка кон македонските земјоделци
Субвенции

МЗШВ: Даваме навремена поддршка за секој земјоделец – Само минатата недела исплатени 108,6 милиони денари финансиска поддршка кон македонските земјоделци

Објавено 11/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој –АФПЗРР реализираше повеќе исплати на мерки од Националниот план за производство на храна во вкупна вредност од 108,6 милиони денари.

Исплата е извршена кон 1.615 апликанти во вкупна вредност од 72.1 милиони денари од мерката предвидена со Интервентниот фонд за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат одгледувачи на овци, кои имаат предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022 година. Преку оваа интервентна субвенција на одгледувачите на овци им се доделува финансиска поддршка од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.

Исто така, реализирана е и исплатата на финасиска поддршка за набавка на вештачко ѓубриво до 2.168 земјоделци производители на житни култури, со вкупна вредност од 36.5 милиони денари. Со оваа исплата вкупната финансиска поддршка за набавка на вешачко ѓубриво изнесува 85.9 милиони денари за 5.475 земјоделци производители на житни култури.

Изминатиов период АФПЗРР изврши исплата кон земјоделците и за другите мерки предвидени со Интервентниот фонд.

78.3 милиони денари финансиска поддршка е исплатена до 223 земјоделци -апликанти за одгледани и заклани гоеници кои се предадени во регистрирани кланични капацитети. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои одгледале, продале или заклале најмалку пет гоеници предадени во регистрирани кланични капацитети во период од 1 февруари 2022 до 30 април 2022 година. Финансиската поддршка по корисник за оваа мерка изнесува 1.500 денари по грло гоеница со тежина над 90 килограми.

Исплатени се вкупно 671.000 денари финансиска поддршка за 9 производители на конзумни јајца за одгледување на кокошки несилки.

„МЗШВ останува посветно во поддршката кон секој еден земјоделец, покрај овие мерки кои веќе ги донесовме со Националниот план за производство на храна, веќе работиме и подготвуваме нови мерки за поддршка на секој еден земјоделец и за есенската сеидба, за што со ребалансот на буџетот обезбедивме нови дополнителни 500 милиони денари“, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Може да ви се допадне

ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
Таг:денариисплатамзшвсубвенциифонд
Претходен напис До 8 август е отворен повикот на ФИТР – неповратни 2 милиони евра за новоосновани трговски друштва
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?