Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До 8 август е отворен повикот на ФИТР – неповратни 2 милиони евра за новоосновани трговски друштва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > До 8 август е отворен повикот на ФИТР – неповратни 2 милиони евра за новоосновани трговски друштва
Јавни огласи и повици

До 8 август е отворен повикот на ФИТР – неповратни 2 милиони евра за новоосновани трговски друштва

Објавено 11/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик Стартапувај 4, со кој вкупно 2 милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем.

Јавниот повик „Стартапувај 4” е четврти по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. Целта е да се поттикне иновативноста кај компаниите и реализација на нивните бизнис идеи. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

„Вложувањето во стартапите е долгорочна инвестиција која има позитивни ефекти врз економијата во целост. Но поддршката која им е потребна на стартапите е клучна за да можат успешно да ја реализираат својата визија. Свесни сме дека пристапот до финансии е најголем проблем со кој се соочуваат македонските стартап компании, и токму во овој дел ФИТР преку јавниот повик Стартапувај 4 им даваме максимална поддршка за нивен побрз развој, олеснет пристап до финансии и пристап до глобални пазари. Во портфолиото на ФИТР, над 50% се стартап компании и сигурен сум дека иднината им припаѓа токму на нив” изјави Фестим Халили, директор за Фонд за иновации и технолошки развој.

Халили истакна дека добиените средства на повикот се неповратни, со што македонските стартап компании добиваат шанса својата идеја да ја претворат во успешен бизнис проект. Од вкупниот буџет на повикот, Фондот ќе обезбеди 40.000 евра (до 90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до три години на постоење, односно до 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење. Преостанатиот износ од 10% односно 15% од вкупниот буџет за проектот ги обезбедува апликатнот.

На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица. Во овој случај, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот.

Во однос на активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање, ќе бидат поддржани активности за истражување и развој, развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање и други. Како подобни трошоци ќе се сметаат: бруто платите за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот, набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, како и поддоговорни услуги за истражување и развој.

Јавниот повик „Стартапувај 4” е отворен до 08 Август 2022 година, до 14.00 часот, а целата проектна документација и начинот на аплицирање се достапни на веб страната: https://fitr.mk/startapuvaj4/

Повеќе информации околу повикот и аплицирањето можете да добиете од АГРОТИМ, на е-пошта: info@agrotim.mk и или на телефонскиот број 071 225 345.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
СКСМ: Признание за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот Азески
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:бизнисидејамилиони евраповикстартапувајФИТР
Претходен напис Во тек се два јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари, рокот за аплицирање е заклучно со 22 јули!
Следен напис МЗШВ: Даваме навремена поддршка за секој земјоделец – Само минатата недела исплатени 108,6 милиони денари финансиска поддршка кон македонските земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?