Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Агровести

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Објавено 11/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да продолжат со исплата на платите на вработените, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси. Ова го овозможува најновата измена на Решението за администрација на Народната банка, со која постепено се олеснуваат ограничувањата за клиентите на Банката.

Можноста се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку платежните сметки во „АЛТА банка“ била воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена во трите месеци пред донесувањето на одлуката.

Притоа, износот на средствата што компаниите ќе можат да ги користат од своите платежни сметки за исплата на плати може да биде до пет проценти повисок од вкупниот износ на платите исплатени во октомври.

Од Народната банка посочуваат дека со оваа измена се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

- Реклама -
Ad image

Со измените се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на нивните сметки во „АЛТА банка“, доколку средствата се префрлени од платежни сметки отворени во други банки или кај други даватели на платежни услуги.

Тоа значи дека граѓаните без ограничување на износот ќе можат да ги користат дополнителните средства што ќе им бидат уплатени од други финансиски институции.

Народната банка наведува дека внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ и продолжува со приспособување на мерките, земајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

Приоритет, како што посочуваат, остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

МИА

Може да ви се допадне

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Без вода дел од улиците во Топанско Поле, а без електрична енергија делови од Аеродром и Чаир
Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат
Во Струга регионален собир за одржливо управување со шумите и соработката во Западен Балкан
УЈП: Транспарентно за исполнување на даночните обврски
Таг:АЛТА банкаисплатакомпаниитеплати
Претходен напис Со ГРАНТ до 750 000 евра поставете мрежи за заштита од град и друга технологија за борба со климатските промени на вашите насади
Следен напис Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?