Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Mладите земјоделци ја зголемуваат продуктивноста во своите компании преку новите технологии во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Mладите земјоделци ја зголемуваат продуктивноста во своите компании преку новите технологии во земјоделството
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Mладите земјоделци ја зголемуваат продуктивноста во своите компании преку новите технологии во земјоделството

Објавено 11/08/2023
Сподели
9 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компанијата „Баја Сим“ од велешкото село Чалошево е мала семејна фарма основана во 2019-та година во која се вклучува Јане Каракашов – млад и иновативен студент по агроекономија, кој успешно ја претвора во современ агробизнис. Основната дејност на компанијата е одгледување јачмен и пченица на околу 200 хектари. Компанијата располага со целосна неопходна опрема за обработка на почвата и спроведување на потребните агротехнички мерки.  

Постоечките земјоделските машини кои ги поседува компанијата за дел од производствените операции како орање, сеење, заштита, берба итн. се помалку ефикасни.  Затоа, Јане како млад амбициозен претприемач се одлучи да воведе иновации во работењето, преку употреба на паметен уред за попрецизни земјоделски практики на неговата фарма, кој го набави со поддршката од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Во краток разговор со Ема Јакимовска од ИМЕ Програмата, Јане ни открива дека во моментов е посветен на постигнување поголема продуктивност и користење на неговата фарма како „демо-фарма“ за други земјоделци и студенти, со цел сите да ги увидат придобивките од користењето на дигиталната технологија и паметното земјоделство во секторот.

Со Јане накратко зборувавме за тоа како функционира уредот, кои се придобивките, очекуваното позитивно влијание за земјоделците, како и за животната средина.

-Станува збор за GPS уред, кој комуницира преку сателити. Поставен е на воланот во еден од тракторите, но е пренослив и може да се постави и на други трактори. Кога се влегува на нива, најпрвин се вози одредена патека на нивата. Доколку станува збор за крива линија, уредот тоа го памти, и потоа самиот знае дека треба да го програмира движењето на исти такви линии на нивата, со цел идеално поминување на целата површина, без преклопување на патеките. Секако, ова се случува по претходно внесени насоки и параметри, како: ширина, размер и слично. За нас како земјоделци најважното е тоа што се заштедува на пари и време – вели Јане дека ваквата дигитална алатка е од огромна помош за земјоделците. Овој уред не е единствениот од ваков тип кој се користи во земјава. Има околу десетина различни, но сепак, поголемиот дел од нив доаѓаат како веќе вградени во новите трактори или комбајни. „Баја Сим“ најмногу ќе го користи за прскање и за ѓубрење, а со тоа значително ќе се намалат трошоците за овој тип земјоделски активности.

-Кога ги правиме тие активности на полето, не може точно да се определи до каде сме и како сме испрскале, а на овој начин можеме точно и прецизно да знаеме до каде сме и како напредуваме. Така се заштедува на време, а истовремено земјоделецот е поодморен. Наместо да се оди во жешкото на нива, на овој начин работата може да се заврши во пристојно време и земјоделецот да не се оптоварува премногу – објаснува Јане.

„Баја Сим“ како еколошки свесна компанија

Станува збор за релативно млада, но еколошки свесна компанија, која негува еколошки практики во своето секојдневно работење.

– Со новиот уред компанијата значително ќе ја намали употребата на гориво за работа на земјоделската механизација. Воедно, компанијата ќе спречи прекумерна употреба на ѓубрива и пестициди во почвата, што исто така позитивно ќе влијае на приносот по единица хектар како одраз на правилниот начин на обработување на почвата. На овој начин се заштитува и животната средина – нема фрлање на вишок ѓубриво, на материјал за прскање, ниту пак премалку, значи сѐ е во соодветна мера, согласно потребите и нема несакани контра ефекти.

Исто така, новиот „Sveaverken“ уред (F100 Auto Steer System), кој претставува систем за автоматско урпавување со тракторот, првично ќе го користат уште двајца други земјоделци од околината на с. Чалошево. Накратко, вака подетално би го објаснил позитивното влијание – сега компанијата троши 100 литри гориво по хектар вклучувајќи ги сите операции на терен, што значи дека за 200 хектари компанијата троши вкупно 20.000 литри гориво. Со оглед на тоа што со новиот GPS уред, сите операции на нива ќе бидат многу попрецизни, избегнувајќи дуплирање на одредени чекори, сето тоа ќе доведе до најмалку 5% намалена употреба на гориво или 1.000 литри гориво помалку вредно околу 75.000 денари. Дополнително, GPS уредот ќе овозможи заштеда од 5% во процесот на ѓубрење и заштита на растенијата. Севкупно, заштедите од инсталирањето на новите уреди во првата година ќе бидат значитечни за „Баја Сим“, а бидејќи уредот ќе го користат и најмалку двајца други земјоделци, вкупната заштеда ќе биде уште поголема – вели Јане.

Како млад земјоделец Јане е позитивен пример за тоа дека со модернизирање на производството и со следење на новите технологии во агросекторот, оваа благородна професија може да биде профитабилна и интересна за младата популација.

-Најважното за еден млад земјоделец е постојано да инвестира, да го направи најдоброто со средствата кои ги има на располагање и секогаш да бара нови можности за поддршка и развој, кои позитивно ќе влијаат врз бизнисот на краток и на долг рок. Модернизацијата го прави процесот поинтересен и атрактивен, особено за младите земјоделци. Важно е младите земјоделци да бидат во тек со светските трендови. Дигитализацијата на земјоделското производство се повеќе се потенцира токму со таа цел да се направи ова производство попривлечно за младите во земјата.

– На нас младите секако ни е интересно да имаме нови уреди, нови машини, тоа ни овозможува да бидеме во тек со светските трендови во секторот. Дигитализацијата неизбежно носи свои придобивки, кои доколку правилно се искористат, можат да донесат подинамичен развој.  Пример ни се дури и земјите од регионот, па така, во соседна Србија, веќе има и роботи кои работат на нивите. Најважната порака за младите би била постојано да изнаоѓаат начини да бидат во тек со светските трендови, да наоѓаат нови пазари, да работат на вистинските продукти. Секако поедеднакво важно е да се упорни, да веруваат во она што го работат и да не се откажуваат, без разлика на околностите – изјави Јане и најави дека за прв пат уредот ќе го употреби во септември.

-Планирано е да се употреби кон крајот на септември, кога ќе почнеме со ѓубрењето за есенскиот период. Тоа всушност е една од основните примени, за садење на житните култури. За таа цел, ќе организираме две едукативни сесии на терен со различни групи на корисници – млади студенти и земјоделци, на кои ќе им покажеме како функционира уредот во пракса – објаснува Јане.

Првата едукативна сесија ќе биде организирана во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје односно за младите студенти по агроекономија, со цел да се запознаат со новите трендови на прецизното земјоделство и да се мотивираат да размислуваат иновативно во смисла на воведување паметни земјоделски практики. Додека, втората сесија ќе биде организирана за земјоделците од регионот, со цел да се претстават придобивките од користењето на GPS уредите во земјоделството, како и да се обучат и поттикнат самите да почнат со користење на ваков тип на уреди во нивната работа.

Може да ви се допадне

Андоновски: Со смарт лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста
УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација
Хоџа: Соработката со ОН и ФАО е клучна за модернизација на земјоделството и руралниот развој
Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Таг:дендигитализацијаимемлади земјоделцимодернизацијанајновонова технологијапроект
Претходен напис Николовски: Први во регионот подготвени за започнување со ИПАРД 3 програмата
Следен напис Научниците предупредуваат: Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?