Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на својот фезбук профил напиша дека сме подготвени за започнување на ИПАРД 3 програмата, во продолжение ви ја пренесуваме неговата изјава.
„Први во регионот подготвени за започнување со #ИПАРД 3 програмата. Ако за #ИПАРД2 имавме на располагање 60 милиони евра, за #ИПАРД3 имаме 97 милиони евра, или вкупно 120 милиони евра, заедно со нашите пари за кофинансирање. Новите 120 милиони евра, се наменети за граѓаните и за нашата економија, напиша министерот на својот фејзбук профил.
