Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии
Агровести

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии

Објавено 15/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), кои се одржуваат во Вашингтон, оствари работна средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance – OTA).

На средбата, информираат од Кабинетот на Димитриеска-Кочоска, беше потврдена континуираната и конструктивна соработка помеѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД, насочена кон унапредување на управувањето со јавните финансии, јакнење на капацитетите на институциите и модернизација на финансиските системи.

Како што нагласуваат, во фокус на разговорите беше напредокот во реализацијата на тековните проекти за техничка помош во областите на управување со јавниот долг, развој на пазарот на државни хартии од вредност, даночната и царинската администрација, како и зајакнување на системите за финансиски надзор и борба против финансиски криминал. Посебен акцент беше ставен на активностите поврзани со развоjот на новата платформа за аукции на државни хартии од вредност, при што беше истакната важноста од понатамошна координација со сите релевантни институции и партнерите од Трезорот на САД, со цел навремена и успешна имплементација на современо, ефикасно и транспарентно решение.

– Техничката соработка со Трезорот на САД е клучна за модернизацијата на јавните финансии и унапредувањето на пазарите на капитал во земјата. Заеднички работиме на конкретни решенија, од нова платформа за аукции на државни хартии од вредност до зајакнување на даночната и царинската администрација, со цел поголема ефикасност, транспарентност и стабилност на системот – истакнала министерката.

Исто така, бил разгледан напредокот во реформите во даночниот и царинскиот систем, унапредувањето на управувањето со ризици, дигитализацијата на процесите, како и јакнењето на институционалните капацитети преку обуки и пренос на меѓународни добри практики.

На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на соработката, како и поддршката на реформските процеси, кои придонесуваат за поголема фискална стабилност, ефикасност на јавните финансии и економски раст.

Министерката Димитриеска-Кочоска нагласи дека стратешкото партнерство со Трезорот на САД претставува значаен поттик за унапредување на јавните финансии и институционалните капацитети во земјата.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:дигитализацијаДимитриеска-КочоскаСАДТрезорот
Претходен напис Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот
Следен напис Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?