Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Млади лица ќе произведуваат печурки, се основа прво социјално претпријатие во Вардарскиот регион – Нивната визија е да бидат извор на производство на разни видови печурки во контролирани услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Млади лица ќе произведуваат печурки, се основа прво социјално претпријатие во Вардарскиот регион – Нивната визија е да бидат извор на производство на разни видови печурки во контролирани услови
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Млади лица ќе произведуваат печурки, се основа прво социјално претпријатие во Вардарскиот регион – Нивната визија е да бидат извор на производство на разни видови печурки во контролирани услови

Објавено 10/10/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Млади лица ќе произведуваат печурки, потпишан е договор за грант во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, прв ваков проект во Вардарскиот плански регион.

Како што информираа денеска од Здружението за заштита на природата, „Ековита” од Неготино, проектот е финансиран од Европската Унија.

Кристина Тодорова, апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје и координатор на проектот, појасни дека нивната визија е да бидат извор на производство на разни видови печурки во контролирани услови, од страна на невработени млади лица. Добивката да се реинвестира во зголемување на капацитетот на производството и иновација на нови производи, со цел на дополнително вработување. Едукација на млади со цел лично производство, мало сопствено производство. Помош при обезбедување на пласман, преку посебна интернет продавница.

За лицата кои не можат да доаѓаат во социјалното претпријатие, ќе се овозможи онлајн обука на дигиталната платформа на здружението.

Таа информираше дека покрај теоретската обука, ќе има и практична работа, производство на печурки.

– Младинската миграција го достигнува врвот, а нашето младинско социјално претпријатие ќе биде целно насочено кон запирање на тој процес преку стимулирање на младинско вработување и самоодржливост. Имено, нашата идеја опфаќа едукација и производство на разни видови печурки во контролирани услови, од страна на невработени млади лица, кои претежно живеат во рурални подрачја, а применувајќи експертско знаење, дополнето со европски практики и стандарди, децидна беше Тодорова за МИА.

Таа информираше дека сакаат да развијат сервис за одгледување печурки, особено за млади во социјален ризик. Млади Роми, но и млади без родителска грижа, со попречености, девојки, млади што се ослободиле од зависност од дрога или алкохол, социјално загрозени и млади невработени лица од рурални подрачја.

– Примарната цел е создавање на мотивациска атмосфера, со цел лицата од нашата целна група да почнат да се занимаваат со органско производство на разни видови печурки, користејќи го локалниот органски отпад, со што би се постигнала и секундарната цел, заштита на животната средина во нашиот крај, соопшти младата неготинка.

Таа појасни дека одгледувањето на печурката буковка е најбрза земјоделска култура, се искористува локалниот органски отпад. Дека голема придобивка е тоа што сами ќе го произведуваат мицелиумот, семето за печурките и нема да зависат од увоз и надворешни влијанија. Ќе се произведува соодветен вид на печурки во зависнот од потребите на пазарот и годишното време.

– Кај нас во Македонија не постои ваков вид на дигитална платформа, дигитален агро-консултант, каде што ќе се споделуваат проблемите, ризиците во производсвото на печурки. Исто така ќе се врши одгледување на различни видови на печурки. Буковка, шитаки, реиши, лавовска брада, маитаке и воведување на стандардот „добра земјоделска пракса”, рече координаторката на овој проект.

Таа нагласи дека во услови на криза, производството на храна во нашата зедница е од исклучителна важност, да се поминат овие проблеми, кои се најизразени во фамилиите во руралните средини.

– Со години се занимаваме со производство и одгледување на печурки. Ќе бидеме единствени во Македонија каде можат да се добијат дигитални практични упатства и обуки за одгледување на буковка и медицински печурки, информираше Тодорова.

Може да ви се допадне

Рижото со печурки
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Буковка: Рецепт кој ќе ве освои со својата едноставност и вкус
Општина Неготино ја објави програмата за „Свети Трифун“
Општина Неготино повика да се поднесат мостри од вина и ракии за натпреварот во рамки на одбележувањето на „Свети Трифун“
Таг:вардарски регионековитанеготинопечуркиристина Тодорова
Претходен напис Струја за 5.500 домаќинска од новата соларна електрана во Амзабегово
Следен напис Цената на дизелот се зголемува за 3 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскап за 2,00 ден/лит
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?