Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Струја за 5.500 домаќинска од новата соларна електрана во Амзабегово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Струја за 5.500 домаќинска од новата соларна електрана во Амзабегово
Агровести

Струја за 5.500 домаќинска од новата соларна електрана во Амзабегово

Објавено 10/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За 5.500 домаќинства ќе се обезбедува струја од соларната електрана со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово, инвестиција на Групацијата ГЕНИ. Изградбата на капацитетот почна лани, а 17-те мегавати соларна енергија веќе се доставуваат низ мрежата, која е ставена во функција три месеци пред предвидениот рок.

Игор Коприварник, претседател на Управниот одбор на ГЕНИ, на прес-конференцијата по повод почетокот со работа истакна дека новиот капацитет е најголемата соларна електрана што е изградена во државава и оти е клучна пресвртница во нивната работа, но и во зелената трансформација на регионот и Северна Македонија.

-Владата ги препозна инвестиците во соларни фотоволтаици како клучен чекор во исполнувањето на целите за одржливост. Кризата со енергенсите ги засега сите, цената на струјата расте, на крајот на август го достигна врвот од 1000 евра по мегават час, поради што соларното производство на струја има уште поголемо значење, секој мегават час е важен, рече Коприварник.

Според премиерот Димитар Ковачевски, инвестицијата е огромен чекор за остварување на владините амбиции за обезбедување електрична енергија од обновливи извори на енергија.

-Денес не зборуваме за минатото, туку за иднинатата. Зборуваме за нови проекти што треба да ни донесат стабилност во снабдувањето со електрична енергија. Најголемата инвестиција во фотоволтаична централа покажува како работи одговорна Влада, како може да функционираат институциите на државно и на локално ниво и како во тоа има резултат што доаѓа три месеци пред зададениот рок, рече Ковачевски.

ГЕНИ доби 17 од 35 мегавати што беа понудени на тендерот од Министерството за економија. Како што посочи ресорниот министер Крешник Бекшети, со оваа инвестицијата се добиени дополнителни 17 мегавати, колку што е направено во изминатите 30 години во државава.

-Во рок од 2,5 години ќе имаме инсталирана снага од над 220 мегавати, а се подготвуават и нови повици и се надевам дека мандатот ќе го заокружиме со над 30 мегавати само од фотоволтаици, најави Бектеши.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:амзабегово
Претходен напис Нивото и температурата на природните езера во рамки на просекот за октомври
Следен напис Млади лица ќе произведуваат печурки, се основа прво социјално претпријатие во Вардарскиот регион – Нивната визија е да бидат извор на производство на разни видови печурки во контролирани услови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?