Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Митат Исмаиловски: Одлично поминав со сончогледот, ги охрабрувам и другите земјоделци да насеат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Митат Исмаиловски: Одлично поминав со сончогледот, ги охрабрувам и другите земјоделци да насеат
Растително производство

Митат Исмаиловски: Одлично поминав со сончогледот, ги охрабрувам и другите земјоделци да насеат

Последна измена: 12/02/2020 20:24
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Проблемот  со пласманот на земјоделските производи најлесно се надминува со поголем развој на договорното производство со што земјоделците имаат сигурен пласман а со тоа и сигурна заработка.

Ваква шанса нуди нашиот најголем преработувач на сончоглед, фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес. Капацитетот за преработка е 40 000 тони, а со тоа можноста за склучување договори со производителите е голема и треба да се искористи. На тој начин ќе се намали и одливот на девизи од државата, што е важно за намалување на трговскиот дефицит но и за граѓаните кои ќе користат масло од домашна и проверена суровина.

Од минатата година, МЗШВ имајќи ја предвид ваквата ситуација, ги зголеми субвенциите на 400 евра од хектар за земјоделци кои ќе насеат до 20 ха, а услов беше да се произведе минимум 1500 килограми од хектар.

Искуството на земјоделците со договорното производство е одлично и мотив за зголемување на површините следната пролет.

„Задоволни сме со договорното производство, како планиравме така и излезе на крајот. Насеавме 200 хектари и имавме добар принос, а  сончогледот го предадовме во фабриката „Благој Ѓорев“. Јас сум посебно благодарен на соработката со фабриката бидејќи ми дадоа добра цена, а и исплатата е навреме. Ги охрабрувам и другите земјоделци за да немаат проблем со пласманот да насеат сончоглед. Високи се субвенциите и се исплати ова производство“- вели Митат Исмаиловски од Будаково.

Со оглед дека фабриката „Благој Ѓорев“ има доволно капацитет за преработка добро е и другите земјоделци да го слушнат искуството на земјоделците кои имаа склучено договор со фабриката и да размислат дали да остават површини кои на пролет ќе ги насеат со сончоглед.

„Ние сме отворени за соработка со земјоделците, колку ќе насеат, толку ќе откупиме и платиме. Имаме капацитет за преработка и среќни сме доколку за производство на маслото користиме домашен сончоглед. Годинава откупивме околу 7000 тони сончоглед по 17,50 денари за килограм, што е значително три пати повеќе од лани кога откупивме 2300 тони домашен сончоглед. Ова беше благодарение на заедничката соработка со Владата која иницираше поголем развој на договорното производство и мотивирање на земјоделците со зголемени субвенции“- изјави Горан Лазов, генреален директор на „Благој Ѓорев“- Велес.

Според досегашните временски прилики и сушната есен, се очекува земјоделците да остават површини за пролетната сеидба и уште повеќе да се зголеми домашното производство на сончоглед од реколта 2020 година. Дополнителен мотив за земјоделците е и најавата за гарантирана цена уште со склучување на договорот со „Благој Ѓорев“.

-Висината на гарантираната цена ќе ја договориме заедно со земјоделците на средбите кои ќе ги одржуваме следниот период – вели Лазов.

Агротим заедно со Асоцијацијата на производители на сончоглед и раководството на „Благој Ѓорев“ во период што следи максимално ќе се вклучи во кампања за враќање на сончогледот на македонските ниви.

Преку платформата Агротим ќе ве информираме за сите активности поврзани со договорното производство на сончоглед , набавка на квалитетно семе, склучувањето на договорите со „Благој Ѓорев“, ќе го следиме процесот на производство, ќе ви даваме совети за правилно извршување на агротехничките мерки, за да добиете повисоки приноси и подобар квалитет, а со тоа и повисока цена. Исто така ќе ве потсетиме на важноста од земјоделското осигурување, за што државата плаќа 60% од осигурителната полиса.

2200

Одобрени 200 милион

Може да ви се допадне

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС
Младиот компир во струмичко ќе се откупува за 35 денари килограм
(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
(ВИДЕО) Лазов: Aко итно не се преземат мерки да се зголемат површините со сончоглед, заради малите количини и нерентабилноста ќе престанеме со откуп
До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Таг:договорно производствоМитатоткуппласмансончогледцена
Претходен напис По грешка купил 1.000 кокошки на аукција преку Интернет
Следен напис Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски учествува на 46- тата конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?