Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

По грешка купил 1.000 кокошки на аукција преку Интернет


Еден човек од Нов Зеланд случајно станал сопственик на 1.000 кокошки откако прочитал реклама на веб-страница на аукција.

Новозеландска интернет страница објави аукција на 1.000 кокошки на почетокот на ноември. Живината требаше да се продава до понеделник на 4 ноември, бидејќи фармата се затвора. Требаше да се најде дом за нив што е можно поскоро, така што сопствениците ги објавиле на аукција.

Стив Моро се чини не ги прочитал добро правилата на аукцијата. Дарежливо ставил огромна сума на понудата. Сепак, тој мислел дека победникот на аукцијата ќе може да земе онолку кокошки колку што му е потребо. На угостителот Моро му требале само неколку кокошки, да го зголеми бројот од десетте што веќе ги имал и тоа обезбедувало јајца за појадок на неговите гости.
Кога се јавил продавачот на кокошки, Метју Бломфилд, го прашал што планира да направи со 1.000 кокошки.

„Бев запрепастен, шокиран и без зборови“, рече Моро за „Инсајдер“.

Тој веднаш побарал помош на Фејсбук следниот ден. За неколку часа, добил илјадници одговори од луѓе од целата земја, кои понудија да помогнат во згрижување на живината.

И покрај хаосот, Моро рече дека е импресиониран од позитивниот одговор од целата заедница. „Целото искуство докажа дека луѓето во Нов Зеланд се едно големо семејство кога станува збор за да им се помогне на оние кои имаат потреба од тоа“, рече Моро.

Ное 14, 2019agrotim1
Бугарија: Се повеќе земјоделци го заменуваат тутунот со шафранМитат Исмаиловски: Одлично поминав со сончогледот, ги охрабрувам и другите земјоделци да насеат

Напишете коментар Откажи одговор

14/11/2019 Агровест, Магазинаукција, живина, интернет, кокошка, нов зеланд260

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019