Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Митат и Гоце, првите земјоделци во проектот Договорното производство на АФИОН: Ова ни е шанса за сигурен пласман и заработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Митат и Гоце, првите земјоделци во проектот Договорното производство на АФИОН: Ова ни е шанса за сигурен пласман и заработка
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Митат и Гоце, првите земјоделци во проектот Договорното производство на АФИОН: Ова ни е шанса за сигурен пласман и заработка

Објавено 08/10/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деновиве е актуелен повикот до земјоделците да се вклучат во проектот Договорно производство на афион, поточно син мак за потребите на прехрамбената индустрија.

Организаторот, Фирмата – откупувач „Афиониа“ од Скопје како дел од компанијата Oilseed s.r.o со седиште во Прага која се занимава со организација на производство, преработка и пласман на афион, амбициозно ги повикува земјоделците да склучат договори и да насеат афион.

Во ова договорно производство се работи за производство и откуп на син мак за прехрамбената индустрија. Процесот е целосно механизиран од сеидба до жетва, а откупувачот обезбедува сертифицирано семе кое е признато од МЗШВ, односно се наоѓа на листата на признати сорти на ЕУ.

Во договорот е предвидена загарантирана минимална откупна цена на синиот мак и тоа веднаш после предавање на родот, во висина од 90 000 денари за еден тон. Доколку пазарната цена таа година е повисока од минималната загарантирана цена, во тој случај до 15 септември ќе се исплати и разликата во цена како бонус.

Први земјоделци кои потпишаа договор со фирмата „Афиониа“ и веќе се подготвуваат за сеидба, се Митат Исмаиловски од село Будаково и Гоце Серафимов од Тарници.

-Јас отсекогаш сум сакал да пробувам нови култури и производства. Афионот кај нас не е нов, но многу одамна не сме го сееле, а условите кои ги нуди откупувачот се добри и затоа сакаме да пробаме оваа есен да насееме. Ако биде успешен проектот секако другата година ќе засееме многу повеќе. Производството е целосно механизирано, имаме нова модерна механизација, сеалка, комбајни за жетва и се што ни е потребно за да извадиме добар принос. Се надеваме ова ќе биде успешен проект затоа што за нас земјоделците најважно е да имаме сигурен пласман и да ни биде добро платено – изјави Исмаиловски за Агротим.

Овој афион за семе се сее во месец октомври и затоа е потребно сите што се заинтересирани земјоделци, тие што веќе планираат да сеат житни култури да се пријават што поскоро за вклучување во проектот Договорно производство на афион. Сертифицираниот семенски материјал го обезбедува откупувачот, а просечен принос се движи од 1 000 – 1 200 кг од хектар.

Гоце Серафимов веќе ги припрема површините за сеидба. Овој искусен земјоделец годинава одлучи да се вклучи во проектот Договорно производство на афион и да помогне во обидот на организаторот да се врати оваа култура на македонските ниви, со заеднички интерес за сите.

-Ова е шанса за нас полјоделците дел од нивите наместо јачмен да ги насееме со нова култура која ќе помогне и за подобрување на квалитетот на земјата, а при тоа да имаме сигурен пласман и заработка. Според информациите што ги имаме, одгледувањето на афионот не e нeшто непознато за нас или тешко, целиот процес е механизиран, останува само да не послужи времето, особено во зимскиот период. Откупувачот најави и стручна помош од агроном во текот на производството. Цената ни одговара и да се надеваме дека ќе бидеме успешни и следната година ќе охрабриме и други земјоделци да насеат и полека да го вратиме афионот на македонските полиња – изјави Серафимов за Агротим.

Сите заинтересирани производители можат да не контактираат во Агротим на 071 225 345 и ќе ги добијат потребните дополнителни информации како и можноста за склучување на договор со фирмата „Афиониа“ – Скопје.

Заради рентабилност на производството услов е земјоделските површини да се поголеми од 10 ха.

АГРОТИМ

Договорно производство на СИН МАК за прехрамбената индустрија: Целосно механизирано, гарантирана цена и пласман

Може да ви се допадне

Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Посебни начела кои се применуваат во органското земјоделско производство
Намалено индустриското производство
Таг:афиондоговорноМитатпроектпроизводство
Претходен напис Јасика, дрво познато како „зелен аспирин“ кое „шепоти“ 100 години
Следен напис Зимска резидба и заштита на овошките од болести и штетници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?