Нов проект Договорно производство на афион во организација на Агротим и фирмата – откупувач „Афиониа“ од Скопје како дел од компанијата Oilseed s.r.o со седиште во Прага која се занимава со организација на производство, преработка и пласман на афион.
Во ова договорно производство се работи за производство и откуп на син мак за прехрамбената индустрија. Процесот е целосно механизиран од сеидба до жетва, а откупувачот обезбедува сертифицирано семе кое е признато од МЗШВ, односно се наоѓа на листата на признати сорти на ЕУ.
Директорот на „Афиониа“- Милун Свичевиќ во разговор со заинтересираните земјоделски производители го презентираше проектот, условите на договорот и цената по која се ќе се откупува, а потенцираше дека земјоделците ќе имаат и стручна помош во текот на производството од страна на агрономи кои се специјализирани за одгледување на афион.
-Во Чешка, поседуваме фабрика со капацитет од 40 тони/ден афион исчистен до чистота од 99,9% Имаме големо искуство во организирање и реализирање на Договорно производство на афион. Се обврзуваме на производителот да му исплатиме загарантирана минимална откупна цена на семето и тоа веднаш после предавање на родот, во висина од 90 000 денари за еден тон. Доколку пазарната цена таа година е повисока од минималната загарантирана цена, а тоа ќе го знаeме после жетва, во тој случај до 15 септември ќе се исплати и разликата во цена како бонус – изјави Свичевиќ.
Овој афион за семе се сее во месец октомври и затоа е потребно сите што се заинтересирани земјоделци, тие што веќе планираат да сеат житни култури да се пријават што поскоро за вклучување во проектот Договорно производство на афион. Сертифицираниот семенски материјал го обезбедува откупувачот, а просечен принос се движи од 1 000 – 1 200 кг од хектар.
Сите заинтересирани производители можат да не контактираат во Агротим на 071 225 345 и ќе ги добијат потребните дополнителни информации како и можноста за склучување на договор со фирмата „Афиониа“ – Скопје.
Заради рентабилност на производството услов е земјоделските површини да се поголеми од 10 ха.
АГРОТИМ