Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ексклузивно: Афионот се враќа на македонските ниви, договорно производство на Агротим и компанијата „Афиониа“ – Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Ексклузивно: Афионот се враќа на македонските ниви, договорно производство на Агротим и компанијата „Афиониа“ – Скопје
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Ексклузивно: Афионот се враќа на македонските ниви, договорно производство на Агротим и компанијата „Афиониа“ – Скопје

Објавено 04/10/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Започнува нов проект Договорно производство на афион во организација на Агротим и фирмата – откупувач „Афиониа“ од Скопје како дел од компанијата Oilseed s.r.o со седиште во Прага која 30 години се занимава со организација на производство, преработка и пласман на афион.

Во ова договорно производство се работи за производство и откуп на син мак за прехрамбената индустрија. Процесот е целосно механизиран од сеидба до жетва, а откупувачот обезбедува сертифицирано семе кое е признато од МЗШВ, односно се наоѓа на листата на признати сорти на ЕУ.

Откупот, пласманот и цената се утврдуваат со склучување на договор меѓу земјоделскиот производител и фирмата откупувач во кој се регулирани сите аспекти од ова договорно производство.

Директорот на „Афиониа“- Милун Свичевиќ во разговор со заинтересираните земјоделски производители го презентираше проектот, условите на договорот и цената по која се ќе се откупува, а потенцираше дека земјоделците ќе имаат и стручна помош во текот на производството од страна на агрономи кои се специјализирани за одгледување на афион.


-Во Чешка, поседуваме фабрика со капацитет од 40 тони/ден афион исчистен до чистота од 99,9% Имаме големо искуство во организирање и реализирање на Договорно производство на афион. Се обврзуваме на производителот да му исплатиме загарантирана минимална откупна цена на семето и тоа веднаш после предавање на родот, во висина од 90 000 денари за еден тон. Доколку пазарната цена таа година е повисока од минималната загарантирана цена, а тоа ќе го знаeме после жетва, во тој случај до 15 септември ќе се исплати и разликата во цена како бонус – изјави Свичевиќ.

Овој афион за семе се сее во месец октомври и затоа е потребно сите што се заинтересирани земјоделци, тие што веќе планираат да сеат житни култури да се пријават што поскоро за вклучување во проектот Договорно производство на афион. Сертифицираниот семенски материјал го обезбедува откупувачот, а просечен принос се движи од 1 000 – 1 200 кг од хектар.

-Оваа година задоцнивме со информација за почеток на проектот затоа што беше потребно време да се завршат сите правни процедури кои ги налага ова производство. Ние подолго време сме присутни овде, но адинистративните обврски додека не ги завршивме не се осудувавме да започнеме разговори со земјоделските производители. Сега сме целосно подготвени да стартуваме заедно со вас земјоделците, да работиме, да имате профит и да го вратиме афионот на македонските ниви. Заедно со договорот, земјоделците ќе ја добијат и технологијата на производство со сите агротехнички мерки за да се уверат во успешност на производството – изјави Свичевиќ и додаде дека вакво организирано производство на афион веќе имаат во Унгарија, Србија, Словачка, Хрватска и нивно пласирање на пазарот преку нивните компании во Чешка, Русија, Велика Британија и САД.

Сите заинтересирани производители можат да не контактираат во Агротим на 071 225 345 и ќе ги добијат потребните дополнителни информации како и можноста за склучување на договор со фирмата „Афиониа“ – Скопје.

Заради рентабилност на производството услов е земјоделските површини да се поголеми од 10 ха.

АГРОТИМ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Таг:афионземјоделциМилуноткуппроектценаЧешка
Претходен напис Исплатени директни плаќања за производство на домашен лозов и овошен саден материјал
Следен напис Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?