Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зимска резидба и заштита на овошките од болести и штетници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зимска резидба и заштита на овошките од болести и штетници
Агровести

Зимска резидба и заштита на овошките од болести и штетници

Објавено 08/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Периодoт од зимското мирување овоштарите го користат за зимска резидба и
заштита на овошките од болести и штетници. Заштитата се извршува со механички
и хемиски мерки.

Механичките мерки повеќе се спроведуваат кај помалите овоштарници и
опфаќаат: чистење на стеблата од гасенични гнезда, отстранување на заразени
делови од растенијата и собирање и горење на паднати лисја и трули плодови. Со
извршување на овие работи ги отстрануваме потенцијалните жаришта од
болести и штетници, од каде што рано во пролетта излегуваат спори и габи, или
имага од штетници, кои извршуваат примарни зарази.

Хемиските мерки за заштита опфаќаат прскање на овошките со пестициди, со кои
се сузбиваат болестите и штетниците. Некои штетници и болести презимуваат на
гранките, или под кората, при што со зимското прскање се уништуваат нивните
легла. Прскањето се извршува во периодот на зимското мирување и тоа исклучиво
при суво, топло и мирно време.

Зимската заштита како мерка задолжително се применува кај повеќето овошни
видови.

Најчести штетници кои се сузбиваат со зимската заштита се: лисни и штитести
вошки, цветојад, молец, губар, жолтомешка, свиткувач, крушкова болва, мразовец,
црвен пајак и др.

Од инсектициди кои се користат за сузбивање на наведените штетници во овој
период се маслените препарати: Бело масло 1%, Олеоултрацид 0,3%, Фолидол
масло 0,5% и др.

Од болести, кои се сузбиваат со зимското прскање се: краставост на плодовите,
пепелница, кадравост и сачменка на лисјето, монилија, рогачење на плодовите,
бактериска пламеница, рак на кореновиот врат и др.

Од фунгициди кои се користат за сузбивање на болестите се: Бордовска чорба 1-
2%, Шампион 1%, Бакарен Антракол 0,4% и др

Заштитата против болестите и штетниците може да се извршува посебно, но
најчесто комбинирано, со мешање на двете компоненти.

АПРЗ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зимска заштитаовошките
Претходен напис Митат и Гоце, првите земјоделци во проектот Договорното производство на АФИОН: Ова ни е шанса за сигурен пласман и заработка
Следен напис Стар рецепт кој им успева и на почетниците – Вака правилно се кисели зелка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?