Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано мито да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано мито да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија
Агровести

Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано мито да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија

Објавено 27/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават.

„Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе се покаже и во јунскиот, односно на 15 јули репортиравме до самата Европска Унија. Системот, стандардот, реформите го прават луѓето. Еве почнавме со Гостивар, каква сакате направете реформа ако вие имате луѓе кои се неодговорни и кои што се однесуваат неодговорно за бадијала ви е вас таа реформа.  Ако ние не сфатиме дека се тргнува од нас, тогаш ние на хартија најбрилијантните реформи ќе ги ставиме ќе ги поминеме низ Влада и низ Парламент и сето тоа ќе биде перфектно, но, ако нема кој да го применува и прифати за бадијала ни е нас.

Кога зборуваме за перцепцијата околу корупцијата, ќе споделам со вас еден момент. Пред извесно време ни презентираа една анкета која што е работена од реномирана куќа за реномирана странска институција. И таму во таа анкета беа опфатени локалните институции и државните институции. На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат да има. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти. Што сакам со ова да кажам? Создадена е перцепција, нашиот народ повозрасните велат очи да ти извадат, муабет да не ти извадат. Создадена е перцепцијата, никој нема дилема. Но кога ќе ги прашате тогаш ќе видите дека системот поинаку функционира. И сега што направивме ние? Се надевам дека од август ќе почне да функционира заедно со министерот за внатрешни работи и со една реномирана невладина меѓународна организација имавме состанок на кој што состанок се договоривме, таа институција невладина меѓународна организација да води еден процес „Пријави корупција“. А тој ќе биде придружен со натписи, налепници во сите општински и државни институции“, вели тој и додаде:

„Чим луѓето изградиле таква перцепција, чим тој стереотип е присутен, тоа значи дека они немаат доверба во институциите. Ако е така, тогаш еве оваа нека биде носител, а ние ќе ја подржиме. Ако пријавиш корупција тогаш ние ќе можеме да делуваме, но ако ти молчиш и не пријавуваш, тогаш ние не можеме да дејству

Може да ви се допадне

Сојуз на одгледувачи на овци: Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари – Итна типизација на вирусот и вакцинација на целото национално стадо
Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и општини
Ристов: Сметките за парно во Скопје од 1 август се зголемуваат за 5,96 проценти или за околу 140 денари
Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите
Министерот Серафимовски се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со Европската Унија во областа на земјоделството
Таг:линијаМито
Претходен напис Сојуз на одгледувачи на овци: Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари – Итна типизација на вирусот и вакцинација на целото национално стадо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?