Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сојуз на одгледувачи на овци: Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари – Итна типизација на вирусот и вакцинација на целото национално стадо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сојуз на одгледувачи на овци: Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари – Итна типизација на вирусот и вакцинација на целото национално стадо
Агровести

Сојуз на одгледувачи на овци: Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари – Итна типизација на вирусот и вакцинација на целото национално стадо

Објавено 27/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


​Сојузот на одгледувачи на овци ја информира јавноста и сите надлежни институции дека состојбата со ширењето на болеста заразни сипаници кај малите преживари (овци и кози) во Република Македонија го достигна своето алармантно ниво.

Секојдневно на терен се соочуваме со информации за регистрирање нови жаришта во повеќе региони од државата. Сегашната состојба се заканува целосно да го десеткува и онака ранливиот сточарски сектор, создавајќи огромни економски загуби за одгледувачите и сериозен ризик за губење на генетиката на националното овчарско и козарско стадо.

​Како сојуз кој директно ги застапува интересите и егзистенцијата на одгледувачите, апелираме дека досегашните парцијални мерки и затворањето на фармите повеќе не даваат реални резултати на терен.

Официјален предлог и барање на Сојузот.

Итна лабораториска типизација на вирусот: Бараме надлежните ветеринарни и научни институции без одложување да извршат прецизна генетска и серолошка типизација на изолираниот Capripox вирус од теренските жаришта.
​Набавка на соодветна вакцина: Врз основа на точната типизација, државата итно да порача и да увезе соодветен вакцински сој кој одговара на кружечкиот вирус, за да се гарантира максимален заштитен ефект.
​Задолжителна вакцинација на целото национално стадо: По пристигнувањето на вакцините, веднаш да се започне со системска и контролирана вакцинација на сите мали преживари на територијата на целата држава.
​Свесни сме за сите предизвици што ги носи вакцинацијата, посебно во делот на меѓународниот промет, но сметаме дека зачувувањето на живиот фонд е апсолутен приоритет. Доколку дозволиме вирусот неконтролирано да влезе во секое бачило, последиците за македонското овчарство ќе бидат трајни и ненадокнадливи.
​Сојузот стои на располагање за сите ветеринарни власти и комисии со цел заеднички, преку конструктивен дијалог и брза теренска акција, да го прекинеме синџирот на пренос и да го спасиме домашниот сточарски сектор.
​

Со почит,
Претседател
На Сојуз на одгледувачи на овци
Насер Џемаиљи

Може да ви се допадне

Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано мито да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија
Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и општини
Ристов: Сметките за парно во Скопје од 1 август се зголемуваат за 5,96 проценти или за околу 140 денари
Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите
Министерот Серафимовски се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со Европската Унија во областа на земјоделството
Таг:овцисојуз
Претходен напис Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и општини
Следен напис Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано мито да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?