Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Метусела е најстара жива аквариумска риба во светот – „го помни“ и Рузвелт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Метусела е најстара жива аквариумска риба во светот – „го помни“ и Рузвелт
Магазин

Метусела е најстара жива аквариумска риба во светот – „го помни“ и Рузвелт

Објавено 19/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Метусела e најстарата жива аквариумска риба во светот. Се наоѓа во паркот „Голден гејт“, во Аквариумот „Штајнхарт“, во рамките на Академијата на науките во Калифорнија.

Есента 1938 година, САД сè уште заздравуваа од Големата депресија, претседателот Френклин Д. Рузвелт беше во својот втор мандат, а Втората светска војна сè уште не беше почнала… И, со пароброд од Австралија, мала риба – тн. дводишалка (dipneustomorpha) пристигна во својот нов дом во аквариумот во Сан Франциско. Таа и денес е жива.

– Таа е убава, прилично задоволна, среќна риба, вели Бренда Мелтон, одговорна за грижа на животните во аквариумот. – Тука е долго време. Подолго од кого било од нас во аквариумот „Штајнхарт“. Имаме среќа што ја имаме.

Неофицијалната титула за најстара аквариумска риба во светот ја наследи 2017 година, откако „Дедото“ – друга австралиска дводишалка, од аквариумот „Шед“ во Чикаго, САД, угина на 95-годишна возраст.

Но, дури неодамна беше спроведено научно испитување за возраста на Метусела, бидејќи старите методи за тоа се инвазивни и, во најголем дел – изводливи само по смртта. Меѓутоа, користејќи нова техника за датирање со ДНК, австралиските научници испитале примерок од една од нејзините перки. Заклучокот гласи дека таа најверојатно има околу 92 години. Резултатите се официјално објавени денеска.

А пак, аквариумот слави 100 години постоење овој месец.

Рибите дводишалки се примитивни суштества коишто виреат 380 милиони години и се сметаат за најблиски живи роднини на првата риба што излегла од морето. Со други зборови, тие ја претставуваат еволутивната врска меѓу рибите и водоземците. Вработените во „Штајнхарт“ ги нарекуваат „живи фосили“.

Метусела инаку е крстена по библиската личност Метузалем – дедото на Ное, кој живеел 969 години, оти на некој начин таа е навистина древна.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:аквариумска рибаМетуселанајстараРузвелт
Претходен напис Владата ќе носи одлука за поевтинување на над 50 прехранбени производи
Следен напис Пронајдени фосилизирани пчели стари 3.000 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?