Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пронајдени фосилизирани пчели стари 3.000 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пронајдени фосилизирани пчели стари 3.000 години
Агровести

Пронајдени фосилизирани пчели стари 3.000 години

Објавено 19/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нови фосилни наоди на југозападна Португалија даваат поинаков поглед во далечното минато поврзано со пчелите. А, научниците од Универзитетот на Севиља, Шпанија, тврдат дека овие прастари фосилизирани инсекти може да понудат вредни информации и за борбата против климатските промени денес.

– Откривање и толкување на еколошките причини за присуството на оваа популација на пчели може да ни помогне да разбереме и да создаваме стратегии за отпорност на климатските
промени, како што е споредбата на еколошката нерамнотежа предизвикана од природните
параметри и како тоа влијае на денешните пчелни видови, заклучува главниот и одговорен истражувач Карлос Нето де Карваљо.

Истражувачите ги пронајдоа неверојатно добро сочуваните пчели сè уште во нивните кожурци, објави „Стади фајндс“ (Study Finds).

Најновиот научен труд објавен и во „Нејчр ворлд њуз“ посочува подробни информации за густо собраните илјадници фосилизирани гнезда во Португалија. Повеќето од овие гнезда му припаѓаат на видот „Palmiraichnus ichnogenus“. Во написот се наведува дека наоѓањето пчели во толку добро сочувана состојба е „исклучително ретко“, особено ако се земе предвид дека скелетите на овие инсекти обично брзо се распаѓаат. Ова неверојатно ниво на зачуваност му овозможи на истражувачкиот тим успешно да го одреди видот пчели, нивниот пол, па дури и нивото на полен што го оставиле нивните мајки за време на создавањето на кожурците.

Пчелите се исклучително важни за екосистемот на Земјата. Поточно, тие се клучната група инсекти што служат за опрашување, којашто опфаќа над 20.000 различни видови. Околу три четвртини од сите видови диви пчели се гнездат во почвата и поголемиот дел од својот животен циклус го минуваат под земја, што помага да се зачуваат нивните гнезда.

– Пчелите се опрашувачки инсекти и како такви се неопходни за екосистемите, бидејќи секое намалување на нивниот број директно би влијаело на биодиверзитетот… Поточно на бројните видови растенија и животни кои директно или индиректно зависат од нив, вклучувајќи ги и луѓето. Знаеме, на пр., дека пчелите тие опрашуваат 70 отсто од културите што луѓето ги консумираат и 30 отсто од она сао коешто добитокот се храни. Човечка активност, како што се интензивното земјоделство, употребата на пестициди и инсектицидите, како и климатските промени, создаваат состојба каде што по еден на секој десет видови пчели во Европа им се заканува исчезнување, нагласи Фернандо Муниз, професор од Катедрата за кристалографија, минералогија и земјоделска хемија при Универзитетот.

Но, овој наод неизбежно го поставува и прашање – кои биле можните причини и фактори во природната околина што довеле до угиннување на толку голем број пчели? И, зошто тие примероци останале во така добро сочувана состојба за 3.000 години?

Иако истражувачите сè уште не можат со сигурност да кажат што ја предизвикало смртта на пчелите, се претпоставува дека недостатокот на кислород предизвикан од поплави, како и падот на ноќната температура, можеби биле клучни фактори за тоа. Се смета и дека југозападниот брег на Португалија доживеал малку постудени периоди со повеќе врнежи во текот на неоглацијалната зима, што би создале погодни климатски услови за формирање на такви фосили.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:3.000 годиниПронајденистарифосилизирани пчели
Претходен напис Метусела е најстара жива аквариумска риба во светот – „го помни“ и Рузвелт
Следен напис Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, извозот е отежнат поради проблеми со логистиката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?