Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Малите и средните претпријатија преку www.bizz4all.mk ќе добиваат бесплатна советодавна помош
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Малите и средните претпријатија преку www.bizz4all.mk ќе добиваат бесплатна советодавна помош
Агровести

Малите и средните претпријатија преку www.bizz4all.mk ќе добиваат бесплатна советодавна помош

Последна измена: 07/12/2020 14:16
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Малите и средните компании погодени од Ковид -19 кризата ќе можат преку платформата  www.bizz4all.mk  да добијат бесплатна советодавно-техничка помош од стручни бизнис ментори за креирање на нови стратегии, пронаоѓање нови пазари, подобрување на продажбата, пристап до финансии ……

Содржините на платформата се од информативен и едукативен карактер, а преку едноставно пополнување на информативен прашалник, секоја заинтересирана фирма ќе добие можност за директна комуникација со соодветен бизнис ментор кој во одреден сет на менторски часови директно ќе работи и ќе понуди советодавно – техничка поддршка на бизнисот. Со цел да се скрати патот потребен за да се одреди најсоодветната програма за финансирање за секој заинтересиран корисник, се нуди систематски и структуиран преглед на сите достапни програми, мерки и активности за поддршка од разни чинители.

– Со дигиталниот продукт www.bizz4all.mk, го надополнуваме сетот активности за поддршка на малите и средни претпријатија. Значењето на овие услуги и совети е дотолку поголемо што кризата трае во континуитет повеќе од осум месеци и компаниите, освен што силно го почувствуваа првиот удар, сега се изложени на една пролонгирана криза со чии ефекти и понатаму ќе се справуваат. Во тој контекст силно веруваме дека бизнис-менторството ќе им помoгне на компаниите да донесат квалитетни одлуки во работењето и постојано да ја оценуваат својата ефективност, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи на денешната онлајн промоција.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска посочи дека Министерството за труд и социјална политика во буџетот за 2021 година има обезбедено четири пати повеќе средства за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во однос на оваа година.

– Пандемијата ја наметна потребата за побрзо воспоставување на дигитални алатки и платформи за работа. Создавањето на дигиталната и оригинална алатка biz4all.mk е дел од сетот мерки и интервенции за поддршка на малите и средни претпријатија, нагласи Шахпаска во видео обраќањето.

Платформата е дел од проектот за создавање нови можности за вработување на ранливите категории, со акцент на развојот на бизнис секторот, поддржан од Швајцарската амбасада и  реализиран од Програмата за развој на Обединетите нации.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакјан, на промоцијата нагласи дека малите и средните претпријатија се главниот извор на иновации, динамика и флексибилност и токму затоа тие се во фокусот на вниманието на оваа платформа.

вајцарската амбасадорка Сибил Сутер порача дека Швајцарија останува силно посветена на поддршка на развојот на приватниот сектор и обезбедување на сите услови за градење на инклузивна демократија и пазарна економија во земјава.

МИА

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:www.bizz4all.mkмали и средни претпријатијасоветодавна помош
Претходен напис Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста
Следен напис Нов Зеланд прогласи вонредна климатска состојба!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?