Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кози можете да одгледувате и од својот дом – Фармата ги изнајмува, ги чува, а „сопствениците“ добиваат производи по желба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Кози можете да одгледувате и од својот дом – Фармата ги изнајмува, ги чува, а „сопствениците“ добиваат производи по желба
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Кози можете да одгледувате и од својот дом – Фармата ги изнајмува, ги чува, а „сопствениците“ добиваат производи по желба

Објавено 13/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во областа Драгачево, на падините на планината Јелица, во српското село Броќиќи, на 70 хектари ливади, овоштарници и шуми, козите пасат, а потоа го даваат најквалитетното млеко. Секој што сака може да изнајми коза и да ги има на располагање нејзините производи.

Несекојдневната акција на тимот зад стартапот Козорциум нуди можност да изнајмите коза, да ја чувате од далечина и да добивате редовно, во текот на сезоната, свежо млеко, деликатесни сирења, јогурт, кефир, сурутка.

Александра Џанчиќ за РТС вели дека до оваа идеја дошле пред се со намера производите да стигнат до крајните корисници во градовите.

„Како и од голема желба и верба дека селата во Србија имаат иднина и дека таа е токму таму, на чист воздух, на падините на планините и со звуците на стадата. Самата платформа е идеја на Ненад Маринковиќ, кој е и сопственик на земјоделска фарма, а воедно и чува кози во Драгачево“, додава Џанчиќ.

На овој начин, вели Џанчиќ, сакале да им помогнат и на малите домаќинства кои често немаат доволно ресурси правилно да се грижат за животните и да складираат млеко и преработки од млеко. Од друга страна, препознле дека голем број луѓе во градот сакаат да ги добијат тие квалитетни домашни производи.

Како што објаснува Ѓорѓе Дубовина, заинтересираните можат да се пријават преку веб-страницата на која ќе ја пополнат апликацијата, а подоцна ќе ги добијат сите детали.

„Ги покануваме луѓето да аплицираат, како и малите домаќинства кои сакаат да се приклучат на оваа платформа, за да им помогнеме да ги пласираат своите производи и да заработат нешто од тоа“, додава Дубовина.

Оние кои ќе изнајмат коза, добиваат производи за возврат. Во моментов во понуда се два пакети производи, во зависност од количината на млеко што сакаат да го добијат.

„Во поголемото пакување добивате 15 литри млеко и можете да изберете дали сакате да добиете француско козјо сирење, халуми, јогурт, млеко. На козата можете да и дадете име, да и направите ланче, а можете да ја посетите и на фармата. Во одреден момент ќе се организираат и работилници за правење сирење“, додава Александра Џинчиќ.

„Сопствениците“ на кози производите можат да ги добијат во периодот од април до октомври, а досега веќе се пријавиле над двесте лица кои сакаат да изнајмат коза.

Во моментов, на фармата има околу осумдесет кози, а во јануари од Франција ќе пристигнат нови стада алпски и сански кози.

Слични програми има во Италија и Скандинавија.

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:kozorciumкозорциум
Претходен напис Николовски: Во 2023 ставаме фокус на зелената транзиција преку проектите во шумарството
Следен напис Се очекува остар пад на потрошувачката и увозот на палминото масло во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?