Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Корона вирусот ja зголеми продажбата на дронови во агросекторот во Кина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Корона вирусот ja зголеми продажбата на дронови во агросекторот во Кина
Магазин

Корона вирусот ja зголеми продажбата на дронови во агросекторот во Кина

Последна измена: 18/03/2020 12:05
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

 Потребата за намалена комуникација меѓу луѓето претставува  многу важно  прашање за земјоделците кои работат на мали фарми  и тоа претежно рачно.

 Кинеските производители на дронови кои се користат во агросекторот регистрираат раст на побарувачката во услови на ширење на вирусот COVID-19, а за тоа придонесува и  фактот што Светската здравствена организација прогласи пандемија.

 Во првите два месеци од 2020 година продадени се 4.000 беспилотни летала, вели Џастин Гонг, кој е ко-основач на фабрика, која произведува беспилотни летала за земјоделскиот сектор. Големите фарми, локалните власти и земјоделските дистрибутери купуваат високо-технолошка опрема, а на тоа се  принудени  поради ширењето на корона вирусот.

 Борбата со вирусот главно  се одвива преку ограничување на контактите со други луѓе. Потребата за намалена комуникација меѓу луѓето претставува  проблем за милиони Кинези ширум светот бидејќи сè уште работат на мали фарми. Повеќе од 3.000 луѓе починаа во Кина и тоа од крајот на декември , поради вирусот COVID-19 а десетици илјади се заразени. И додека болеста погоди многу индустрии во во овој дел од светот, производителите на беспилотни летала остваруваат добивка. Компанијата на Гонг не е единствената што доживеа позитивен раст во однос на продажбата.

Главниот извршен директор на друга компанија која исто така тргува  дронови што се користат во агросекторот најави зголемување на профитот минимум 4-пати.

„ Во последно време примаме се повеќе и повеќе нарачки за земјоделски беспилотни летала и беспилотни возила“, вели тој.

 Интересот за земјоделската технологија  е голем, иако кинеската влада ги засили напорите во последните неколку години за да ја намали зависноста на земјата од увозот на храна од САД и други земји. Кинеското Министерство за земјоделство проценува дека над 30.000 беспилотни летала ќе полетаат над нивите за заштита на растенијата оваа пролет.

Според статистичките податоци, технолошкиот земјоделски пазар со седиште во Кина ќе порасне од 13,7 милијарди американски долари во 2015 година на 26,8 милијарди американски долари во 2020 година.

 Земјоделците се консолидираат во набавката на агро дронови

Големата распространетост на технологијата во кинеските фарми е последица на демографската состојба. 300 милиони луѓе во руралните области стареат брзо додека многу млади се селат градовите. Како резултат на тоа, се помалку и помалку способни луѓе остануваат да работат на фармите. Кинескиот претседател Си Џинпинг започна стратегија за „рурална ревитализација“ уште во 2017 година. Таа е дел од 5-годишниот план.

Доколку корона вирусот ги уништи малите бизниси во Кина, вклучувајќи ги и земјоделските фарми, аналитичарите очекуваат поголема консолидација. Потребно е да се зголеми продажбата на земјоделски машини, вклучувајќи и  дронови. Главен фактор во растот на интересот за паметни земјоделски машини е фактот дека нивната набавка е вклучена во списокот на производи кои државата ги субвенционира.

Извор:Агробг

Може да ви се допадне

Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
Го замени жешкиот асфалт со мотика: Бане Томашевиќ одгледува живина на село
7 МОЌНИ ДРВА ГИ ЗАШТИТУВААТ КУЌАТА И СЕМЕЈСТВОТО: Кое дрво што поскоро да се засади во дворот
Таг:ДроновикинаКорона вирус
Претходен напис Атанасов: Контролите засилени, граѓаните да купуваат храна исклучиво од регистрирани објекти
Следен напис (ВО ЖИВО) Спасовски: Владатата нема дилема, за првпат во историјата вонредна состојба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?