Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Атанасов: Контролите засилени, граѓаните да купуваат храна исклучиво од регистрирани објекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Атанасов: Контролите засилени, граѓаните да купуваат храна исклучиво од регистрирани објекти
Агровести

Атанасов: Контролите засилени, граѓаните да купуваат храна исклучиво од регистрирани објекти

Објавено 18/03/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилија контролите кај операторите со храна кои вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните.

Како што изјави за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, се проверува дали се почитуваат основните и посебните услови за дистрибуција на храна, правилата на Добра производствена и хигиенска пракса, како и дали се почитуваат препораките за спроведување на засилената дезинфекција на опремата и транспортните средства со цел намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19.

-Во услови на зголемена побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, како одговорна институција за безбедноста на храната, до граѓаните упатуваме апел да внимаваат на безбедноста, односно да купуваат храна исклучиво во објекти кои се регистрирани и одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и кои ги исполнуваат условите за хигиена дефинирани со Законот за безбедност на храната и прописите кои произлегуваат од него.

Во однос на купувањето храна во маркетите, Атанасов апелира потрошувачите да обрнат внимание на рокот на употреба на производите, бидејќи е можно на пазарот да се пласираат и небезбедни производи со изминат рок.

-Поради набавката на поголеми количини храна, што е евидентно деновиве, апелираме да се внимава и на запазување на таканаречениот ладен синџир, храната соодветно да се чува и правилно да се ракува со неа. Ги информираме потрошувачите дека во потполна функција е интегрираниот систем за контрола на безбедност на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство, односно од страна на инспекциските служби на АХВ контроли се вршат во сите фази на производството, преработката и трговијата со храна. На бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 и на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство [email protected], граѓаните можат да ја пријават секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, потенцира директорот.

Според него, и граѓаните и компаниите од прехранбениот сектор треба да се придржуваат до мерките на Владата и препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на заразата од вирусот КОВИД-19.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ахвЗоран АтанасовКупување на храна
Претходен напис Македонија забрани извоз на пченица и брашно, ќе се пребројува колку има на залиха
Следен напис Корона вирусот ja зголеми продажбата на дронови во агросекторот во Кина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?