Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Проветрување на пластеници – Важна мерка за здрав и квалитетен раст на растенијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Проветрување на пластеници – Важна мерка за здрав и квалитетен раст на растенијата
Совети

Проветрување на пластеници – Важна мерка за здрав и квалитетен раст на растенијата

Објавено 08/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преголемата влажност на воздухот не е добра за одгледување на културите во пластеник, затоа редовното проветрување е неопходно за одржување на соодветна микроклима, а со тоа се создаваат поволни услови за правилен раст и развој на растенијата.

Главната цел на проветрувањето е да се намали прекумерната влажност на воздухот, да се спречи појава на кондензација, да се намалат високите температури и да се исфрли застоениот воздух од внатрешноста на пластеникот. Со проветрувањето се овозможува внесување свеж воздух богат со јаглерод диоксид (CO₂), кој има важна улога во процесот на фотосинтеза и директно влијае врз подобар раст, развој и повисоки приноси кај растенијата. Во многу пластеници дополнително се поставуваат вентилатори кои овозможуваат подобро движење и мешање на воздухот.

Проветрувањето може да биде изведено на различни начини. Најефикасно е кровното проветрување, кое овозможува отворање на едната или на двете страни од кровот, познато и како „пеперутка“ отворање. Овој начин овозможува добро движење на воздухот и спречува задржување на топол воздух во горниот дел од пластеникот. Дополнително, кровното проветрување овозможува вентилација и при посилни ветрови, а кај современите пластеници процесот најчесто е автоматизиран.

Проветрувањето може да биде и челно, со отворање на целото чело на пластеникот или само на негов дел. Овој начин е практичен и често се користи кај помали пластеници. Исто така, се применува и бочно проветрување, особено кај пластеници со два брода. Бочните отвори можат да се отвораат од горе надолу или од долу нагоре, при што вториот начин овозможува подобро одржување на микроклимата во пластеникот. Кај бочното проветрување најчесто се поставува парапет кој ги штити растенијата од нагли температурни промени.

Кај челното и бочното проветрување задолжително се поставуваат антиинсект мрежи. Тие спречуваат навлегување на штетни инсекти во пластеникот, но и излегување на бумбарите кои се користат за природно опрашување на зеленчуковите култури.

Современите пластеници сè повеќе користат автоматизирани системи за проветрување и контрола на температурата и влажноста.

Размената на воздухот во пластеникот најчесто настанува под влијание на ветерот и температурните разлики. Свежиот надворешен воздух го заменува топлиот и влажниот воздух од внатрешноста, со што се создаваат подобри услови за здрав раст и развој на растенијата.

Времето на проветрување има големо значење за одржување на поволни услови во пластеникот. Најчесто проветрувањето се врши во потоплиот дел од денот, кога температурите во внатрешноста се повисоки и има потреба од размена на воздухот. Во вечерните часови пластеникот се затвора со цел да се зачува акумулираната топлина и да се спречат нагли температурни промени.

Неправилното или недоволното проветрување може негативно да влијае врз растот и развојот на растенијата. Во услови на слаба циркулација на воздухот доаѓа до зголемување на температурата и влажноста, што предизвикува задушување на растенијата и создава поволни услови за појава и развој на болести како пламеница, сива мувла и други габични заболувања. Ваквите услови најчесто доведуваат до намален принос, послаб квалитет на производството и поголема појава на оштетувања кај растенијата.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

НБ: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Таг:здравпластенициПроветрувањерастрастенијата
Претходен напис УХМР: Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер во наредните денови
Следен напис Народната банка ги презентира пролетните макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?