Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компанијата „Подгорка“ со новитет на пазарот – пакувани јунешки производи со висок квалитет и Халал сертификат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Компанијата „Подгорка“ со новитет на пазарот – пакувани јунешки производи со висок квалитет и Халал сертификат
Предлог бизнис

Компанијата „Подгорка“ со новитет на пазарот – пакувани јунешки производи со висок квалитет и Халал сертификат

Последна измена: 27/03/2020 16:00
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

„Подгорка“ од Струга е компанија која долги години се занимава со дистрибуција на прехрамбени производи од неколку познати брендови во регионот и пошироко.

Во текот на својата долгогодишна работа „Подгорка“ постојано се надоградува и денес е еден од водечките дистрибутери на територијата на Република Северна Македонија на следните производи: млечни производи (кашкавали, ферментирани производи и путер), пилешки и говедски трајни и полутрајни сувомеснати производи, пилешко замрзнато месо, јунешко и телешко свежо и замрзнато месо и замрзнат зеленчук и овошје.

Мевмед Џемајлоски, Един Џемјалоски

„Подгорка“ својата дејност ја темели на професионалноста, стабилноста како и постепената надградба на својата дејност и истата ја има реализирано со застапништво и долготрајната соработка на познатите брендови:  ZELENE DOLINE – ( Млекарна Целеиа – Словенија),  Z′DEŽELE – ( Цељске Меснине- Словенија),  MENPROM (Босна и Херцеговина ), MADI (Тешањ – Босна и Херцеговина), FLORA (Пик Бечеј – Србија), T.BOER & ZN (Холандија) и Copacol (Бразил)



Според законските прописи во Р.С. Македонија Подгорка го има имплементирано HYGIENE MANAGEMENT SYSТEM HACCP CAC/RCP и  QUALITY MANAGEMENT SYSTEM ISO 9001:2015. стандардите како и многу бројни добиени сертификати за квалитет на производите и дистрибуција на домашниот пазар.

„Подгорка“ денес работи во нови производствени,  магацински и деловни простории од над 5000 м². Инвестицијата е во висина од 5,5 милиони евра а кофинансирана со средства од ИПАРД фондовите.

„Институциите ја препознаа и разбраа економската важност на нашата инвестиција. Објектот е изграден според стандардите за енергетска ефикасност, а производствениот процес во фабриката се одвива според најмодерни европски стандарди. Нашата цел е да ги отвориме регионалните пазари и да извезуваме во соседните земји“, изјави сопственикот на „Подгорка“ – Мевмед Џемајлоски.

Од крајот на 2019 година на Македонски пазар „Подгорка“ ги пласираше своите нови производи:

  • Јунешка шницла 500 гр МАП пакување
  • Јунешки коцки 500 гр МАП пакување
  • Јунешки мелен микс 500 гр МАП пакување
  • Јунешки обликувани производи – ќебапи и плескавици 500 гр МАП пакување

Компанијата го помина сертификациониот аудит и се стекна со право на Халал сертификат. Халал значи дозволено во исламската религија, но пошироко значи квалитет на одреден вид на производ и синоним за здрава храна.

Понатаму „Подгорка“ работи на проширување на својот асортиман на производи и тоа свежи јунешки производи во вакум пакување и замрзнати јунешки производи, како и проширување со овие производи на пазарите во соседните држави.

Може да ви се допадне

Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
Марјанчо и Христина и нивниот земјоделски живот: 4 ха со тутун, 25 ха житарица, штала со крави и механизација за профитабилно производство
Што е важно за одгледување на кози во штала – совети за почетници
Таг:МевмедпзарЏемајлоски
Претходен напис Коронавирусот внесува корективи: Руската пченица поскапа од нафтата
Следен напис Информации за земјоделците во услови на вонредна состојба за начинот на користење на новата алатка која се вика „Понуда-Побарувачка“
1 коментар 1 коментар
  • Аце напиша:
    на 13/07/2020 г. во 11:58 часот

    Во кој маркети ги има во Скопје

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?