Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Колку е ефикасен методот со коцки мраз за наводнување на орхидеите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Колку е ефикасен методот со коцки мраз за наводнување на орхидеите
Совети

Колку е ефикасен методот со коцки мраз за наводнување на орхидеите

Објавено 03/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Концептот за наводнување на орхидеите со коцки мраз може да изгледа контраинтуитивен бидејќи растенијата од тропските региони генерално не поднесуваат ниски температури. Сепак, користењето на коцки мраз за наводнување на орхидеи не предизвикува никаква штета и малку ја олеснува грижата за овие растенија.

Обезбедувањето на вистинската количина на влага на домашните растенија понекогаш наликува на метод на обиди и грешки и е уште поголем предизвик кога тоа растение е орхидеја со нежен изглед.

Кога се обидувате да го одржите цветот на вашите орхидеи, може да претерате со наводнување. Сепак, премногу влага е една од најчестите причини зошто орхидеите во затворен простор се уништуваат.

Можеби сте слушнале дека едно од решенијата за да се избегне прекумерно наводнување е да користите коцки мраз? Но, дали всушност тоа функционира? И дали студот ќе им наштети на овие тропски растенија?

Еве што вели истражувањето и како можете да ја искористите оваа техника за да ги одржувате орхидеите совршено хидрирани.

Научниците од Универзитетите во Охајо и Џорџија спроведоа студии со цел дефинитивно да одговорат на прашањето. Тие поставија експеримент споредувајќи ги орхидеите наводнети со три коцки мраз еднаш неделно со контролната група која добила еквивалентна количина на вода.

Двете групи орхидеи покажале слични резултати за целокупното здравје на растенијата, што укажува дека коцките мраз се ефикасен и безбеден начин за наводнување на орхидеи.

Едноставно, ставете три коцки мраз внимавајќи да избегнете контакт со листовите или со испакнатите корени. Како што се топат коцките мраз, корените ќе ја апсорбираат водата. Студот нема да му наштети на растението бидејќи мразот се топи релативно брзо.

Количината вода што им е потребна на орхидеите може да варира во зависност од собната температура, светлината, влажноста… Се препорачува да започнете со три коцки мраз неделно и да го гледате растението дали има доволно вода. Ставете го прстот околу еден сантиметар во кората или супстратот. Ако чувствувате влага, не полевајте. Почекајте неколку дена и проверете повторно.

Растенијата кои се слабо наводнувани ќе имаат збрчкани, темно зелени, млитави лисја.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:орхидеи
Претходен напис Поскапување на житарките на светските пазари – Цените се високи бидејќи понудата не може да ја задоволи побарувачката
Следен напис Што досега донесе климатската конференција во Глазгов?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?