Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поскапување на житарките на светските пазари – Цените се високи бидејќи понудата не може да ја задоволи побарувачката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Поскапување на житарките на светските пазари – Цените се високи бидејќи понудата не може да ја задоволи побарувачката
Пазари

Поскапување на житарките на светските пазари – Цените се високи бидејќи понудата не може да ја задоволи побарувачката

Објавено 03/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на житарките на светскиот пазар се уште високи, бидејќи понудата не може да ја задоволи побарувачката.

Оваа недела цената на пченицата на берзата во Чикаго CME порасна на дури 268,67 евра за тон, наспроти 249,66 предминатата недела. Еден тон на парискиот EuroNext чини 283,25 евра, а на францускиот FOB е високи 283 евра, додека на рускиот FOB 269,63 евра.

Сојата на CME чини 416,79 евра/т, а пченката 195,12 евра/т. На EuroNext се тргува по 239,50 евра/т.

На европските земјоделци високите цени на репроматеријалите им создаваат проблеми.

„Ќе можеме да произведуваме само ако цените се прилагодат на кризата“, предупреди Михаел Гутин, член на управниот одбор на Германското здружение за производство на житарки (ВГМС).

Сѐ уште не се знае како ќе се развива пазарот, а аналитичарите очекуваат дека житарките ќе се плаќаат „како никогаш досега“. На пазарот на големо во извозното пристаниште Хамбург, со пченицата за производство на леб во петокот се тргуваше по цена од дури 283 евра/т, што е за пет евра повеќе од една недела порано и дури 10 евра од пред две недели.

Цените за добиточниот јачмен во петокот изнесуваа 256 евра за тон, што е зголемување за четири евра за една недела. За еден тон ‘рж трговците понудија 254 евра, што е поскапување за шест евра.

На најважното француско пристаниште за големопродажба и извоз, Руан, лебната пченица во петокот беше котирана на 278 евра/тон, што е зголемување на цената за две евра во однос на претходната недела. Таму добиточниот јачмен беше испорачан за 252 евра/т.

Русија годинава ќе ожнее нешто повеќе од 123 милиони тони житарки, изјави минатата недела рускиот министер за земјоделство, намалувајќи ги официјалните проценки, кои претходно изнесуваа 127,4 милиони тони. Инаку, оваа земја е најголем светски извозник на пченица, а главно ги снабдува Блискиот Исток, Африка и Азија. Меѓу другите, се натпреварува и со Европската Унија, како и со Украина.

Министерот за земјоделство рече и дека се очекува руските земјоделци да посеат 19,5 милиони хектари зимски култури за жетвата во 2022 година. Но, сеидбата беше значително одложена поради сувото време. Како резултат на тоа, досега се засеани само 17,6 милиони хектари, наспроти 18,3 милиони хектари во исто време пред една година.

Невообичаено сувото време ја попречува и сеидбата во двата најголеми украински региони за одгледување пченица, каде што зимата е засеано само на 37 проценти од очекуваните површини, што е уште една од причините за понатамошни поскапувања.

Извор: www.agroklub.rs

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Таг:житаркипченица
Претходен напис По утринската магла, нѐ очекува сончево и топло време
Следен напис Колку е ефикасен методот со коцки мраз за наводнување на орхидеите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?