Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Кои услови треба да се исполнат и каква е постапката кај нас за продажба на млеко преку МЛЕКОМАТИ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Кои услови треба да се исполнат и каква е постапката кај нас за продажба на млеко преку МЛЕКОМАТИ
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) Кои услови треба да се исполнат и каква е постапката кај нас за продажба на млеко преку МЛЕКОМАТИ

Објавено 28/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Една статија на Агротим за поставување на Млекомат во Србија, наиде на голем интерес од страна на нашите читатели – фармери кои пројавија желба да пробаат на ваков начин да продаваат млеко.

Еден од нив е земјоделецот Денис Теловски од село Будаково кој има желба за поставување на млекомат, само не му се познати условите, кои документи и какви дозволи за поставување на апаратот му се потребни.

Денис Теловски – фармер, село Будаково

-Ние имаме фарма со 50 крави, произведуваме сами добиточна храна и имаме желба да продаваме млеко преку млекомати. Веќе се интересиравме и можеме да го набавиме од Турција, таму има многу вакви апарати поставено. Само не знаеме на кој начин и каде да се обратиме – прашува Теловски.

Најнапред информација за можноста да се продава млеко преку млекомати, побаравме од Агенцијата за храна и ветеринарство. Директорот на АХВ, Николче Бабовски ја објасни постапката согласно правилникот за ставањето во промет на мали количини производи од животинско потекло и за легална продажба на млекото од малите фарми преку млекомати. Тој вели дека кај нас за жал, сеуште нема ниту еден млекомат но затоа интересот од сточарите е голем.

Со правилникот за директно снабдување со храна од животинско потекло, детално се регулира ставањето во промет на мали количини производи од животинско потекло и за легална продажба на млекото од малите фарми преку млекомати за што, производителите ќе треба да ги исполнат највисоките критериуми за безбедност и квалитет. Млекоматите во Европа се одамна присутни на пазарот, а од неодамна ги има и во соседните земји.

Членот 10 од Правилникот ги уредува условите  за директна продажба на млеко преку апарат – млекомат, преку кој се врши продажба на сурово, термички нетретирано млеко. Ставањето во промет на сурово млеко преку млекомат може да се врши само доколку млекоматот да е евидентиран-пријавен во регистрацијата на примарниот производител, кој врши директна продажба на млеко на овој начин само од страна на производител на млеко. Суровото млеко во млекоматот не смее да биде чувано подолго од 24 часа од молзењето, а апаратите треба да ги исполнуваат пропишаните барања  за безбедност на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната. Контејнерот што се користи за транспорт на сурово млеко треба задолжително да се чисти и дезинфицира по секоја употреба, температурата на млекото во млекоматот треба да се одржува на температура од 0 до 4°C и да биде јасно истакната на екранот на млекоматот. Задолжително е на млекоматот да бидат достапни информации за опис на производот („сурово млеко“) со препорака за варење на млекото пред консумација, име, адреса и информации за контакт со производителот и регистерски број на операторот, датум и час на молзење и датум и час на полнење на млекоматот. Суровото млеко кое не се продало преку млекоматот може да се користи за производство на производи од млеко или како храна за животни на одгледувалиштето од кое потекнува. Количината на сурово млеко која може да стави во промет или да се преработи во млечен производ согласно овој правилник, наменет за директно снабдување, може да биде најмногу 700 литри неделно, односно 100 литри дневно за кравјо млеко и неограничена количина на млеко од овци и други животински видови.

Во врска со поставувањето на апаратот на одредена локација, доколку е на јавна површина бара согласност од општината врз основа на докумен од Агенцијата за храна и ветеринарство за завршена постапка за регистрација.

Може да ви се допадне

Невработените од земјава, посебно младите до 29 години најдоцна до утре можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување и започнување сопствен бизнис
Неповратни до 20.000 евра грант за сопствен бизнис: Објавени јавните повици за самовработување
СКСМ: Признание за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот Азески
Германско-македонски бизнис самит
Без обединет бизнис и академска фела нема економски развој, порака на Азески
Таг:бизнисмлекоматтеловскифармер
Претходен напис „Кралот на пиперките“ од утро до мрак на нива: Често сум валкан и со кал и прашина, но сам сум свој газда
Следен напис Продажните цени на производителите на индустриските производи на домашниот пазар се повисоки за 0.6 % на месечно ниво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?