Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Кралот на пиперките“ од утро до мрак на нива: Често сум валкан и со кал и прашина, но сам сум свој газда
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > „Кралот на пиперките“ од утро до мрак на нива: Често сум валкан и со кал и прашина, но сам сум свој газда
Растително производство

„Кралот на пиперките“ од утро до мрак на нива: Често сум валкан и со кал и прашина, но сам сум свој газда

Објавено 28/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Младиот градинар Његош Стојадиновиќ од Пријепоље станал надалеку познат по производство на најкавлитетна пиперка. Поради големите приноси и квалитетни плодови, во полимската долина е познат и како „крал на пиперката“.

„Порано работев на гатери и многу се мачев. Преку ноќ одлучив да прекинам со тоа. Почнав прво со помали површини, на 15-20 ари и тогаш си велам, зошто не би работел и повеќе, хектар – два. Не ми е проблем да работам, сега почнав со садење на пиперки и на фолија, за што повеќе да го унапредам производството, бидејќи од оваа работа може убаво да се заработи“, вели Његош.

Овој млад човек пред 11 години ја донел најважната одлука во својот живот. Решил да остане на својата земја и земјоделството да му биде негово животно определување, бидејќи како што вели, човекот е најсилен кога е свој на своето. Зголемувањето на површините со насад го диктирала побарувачката која секоја сезона била поголема благодарение на квалитетните плодови.

На четири хектари плодна земја покрај самата река Лим, оваа година засадил 70 илјади стракови пиперка, нешто помалку зелка, малини и пченка. На секоја култура ѝ се посветува со големо внимание и во нива е од разденување до заоѓање на сонцето.

„Јас секогаш на сите кои се занимаваат со земјоделство им велам, ако не можете квалитетно да обработите четири хектари, направете два бидејќи на сѐ мора да се посвети максимално внимание. Кога е сезоната станувам во четири наутро и работам додека се гледа“, вели Његош и додава дека не треба ништо да се работи без волја.

Пиперката е, вели Његош, култура која бара многу, но ако сѐ се направи на време успехот е загарантиран.

„За пиперката се најважни првите 25 дена додека се зафати и се стабилизира. Треба доста наводнување, а важно е и на време да се напрска, бидејќи е чувствителна на бактериоза и пламеница“.

Пиперките од неговите насади се продаваат во Германија, во земјите во регионот и ширум Србија, а побарувачката во последните неколку години се зголемила благодарение на социјалните мрежи.

„Нема продажба без добра реклама и секако квалитет, тоа се главни услови, а социјалните мрежи сега ни даваат неочекувани можности“, тврди Његош.

„Његош веќе во три часот е во нива, наводнува, окопува, тука е од утро до мрак, но му недостига една невеста да го следи, не мора да копа, само да е тука да го охрабрува“, вели неговиот сосед Јован Радуловиќ.

„Девојките кога ќе ме видат вака со мотика, фреза и трактор не им паѓа на памет со мене да излезат. Денешните девојки сакаат забава и уживање, но не може да се ужива ако не се работи. Ова не е страшно ништо, земјоделството е работа која јас сакам да ја работам, точно е дека знам често да бидам валкан и со кал и прашина, но сум сам свој газда“, истакнува Његош.



Извор: agropress.org.rs

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Намаз од модар патлиџан и пиперка
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:пиперкаПријепоље
Претходен напис Битиќи: Очекувам да бидат донесени законски измени за воведување еколошка такса
Следен напис (ВИДЕО) Кои услови треба да се исполнат и каква е постапката кај нас за продажба на млеко преку МЛЕКОМАТИ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?