Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стефановски: Кога конкурирав за 10 000 евра за „Млад земјоделец“ немав ни мотика, сега планирам зголемување на насадот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Стефановски: Кога конкурирав за 10 000 евра за „Млад земјоделец“ немав ни мотика, сега планирам зголемување на насадот
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Стефановски: Кога конкурирав за 10 000 евра за „Млад земјоделец“ немав ни мотика, сега планирам зголемување на насадот

Објавено 01/12/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во атарот на битолското село Барешани, Диме Стефановски и Марјан Трајчевски на 6 декари имаат насад со круши.

Почетокот им е необичен, ја имале земјата, идејата за насад со круши и желба за работа. Недостигала само решетелноста да почнат да се занимаваат со земјоделско производство бидејќи и двајцата имаат други професии.

Тогаш разбрале за мерката „Млад земјоделец“ и неповратни 10 000 евра, одлична можност за реализирање на идејата.

-Кога слушнавме за мерката на Министерството за земјоделство со која може да се дојде до неповратни 10 000 евра за земјоделско производство, не се мислевме воопшто. Тогаш буквално немавме ни мотика но затоа идејата за насад со круши веќе ни беше разработена и јас конкурирав – вели Стефановски.

Во меѓувреме започнале со производството кое не е едноставно, но ако професионално со нешто се занимавате и особено со мерак тогаш резултатот е очекуван.

-Редовно ги извршуваме сите агротехнички мерки и употребуваме органски препарати, нови технологии со цел добивање повисоки и поквалитетни приноси, а кога е производот квалитетен нема проблем со пласманот. Според мене мора да се следат новитете во производството и да се прилагодуваме на климатските промени кои знаат да го ограничат производството – вели Стефановски и додава дека работата на насадот е нешто што го исполнува и релаксира и кога би можел да бира би се занимавал само со земјоделско производство.

Во делот на заштитата и прихраната на крушите користеле органски препарати од кои се многу задоволни.

-Преку фејсбук се информирале за нашата фирма „Биоаграр“ и така стапивме во контакт. Излеговме на терен, ја пратевме состојбата на насадот и дадовме препорака. Тоа беше минатата година кога започнавме со зимска заштита со „сулфур бакар калциум“ затоа што имаше проблем со медова вошка. Понатаму ја следевме состојбата во текот на вегетацијата и дававме препораки. Во неколку наврати употребивме „Панамин“ кој даде одлични резултати. Задоволни бевме од родот и квалитетот на крушите – вели Ангела Ѓеровска Ѓуровска од „Биоаграр“ .

Органско производство: „Sulfur bakar kalcium“, препарат кој успешно ги заменува маслата за зимска заштита на овошките

Интересен е и начинот како ги продале крушите. Интернетот и фејбукот се новите промотори на земјоделството.

-Ги собравме крушите, ги сортиравме, наредивме во гајби и се пофаливме на фејсбук. За кратко време почнаа да не прашуваат која е цената и да ни нарачуваат. Едноставно кажано не можевме да ги задоволиме сите барања и крушите веднаш ги продадовме по добра цена – раскажува Стефановски.

Успешната сезона дополнително ги мотивира партнерите да подигнaт нов насад, да се прошират и да произведуваат квалитетни круши. Поднебјето одговара за ова производство, а за пласманот вели дека колку и да произведат ќе ги продадат без проблем, а крушата секогаш има добра цена.

Органско производство: „Sulfur bakar kalcium“, препарат кој успешно ги заменува маслата за зимска заштита на овошките

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра 
Исплатени средствата за Мерка 112 „Млад земјоделец“
Дополнителни директни плаќања за одделни категории носители на земјоделско стопанство
Коњановски: Битола и Пустец ја продлабочуваат соработката преку заеднички проекти
Таг:битолагајбимлад земјоделецнасад крушапласман
Претходен напис Новата Европска комисија денеска го почнува својот петгодишен мандат
Следен напис Преку МојДДВ #МојаНаграда 3.852 парични награди, од кои две премии по 50.000 евра
2 коментари 2 коментари
  • Зоран напиша:
    на 08/01/2020 г. во 13:29 часот

    Што треба за да може млад човек да конкурира за мерката млад земјоделец?

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 08/01/2020 г. во 14:09 часот

      Почитуван, сите услови и критериуми се објавуваат со повикот од страна на Платежната агенција. Сега се очекува нов повик со зголемен фонд од 20 000 евра за мерката „Млад земјоделец“. Следете Агротим.мк ќе ги имате сите информации навреме, а ќе има можност и за директна помош околу апликацијата од страна на нашиот тим. Поздрав

      Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?