Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Органско производство: „Sulfur bakar kalcium“, препарат кој успешно ги заменува маслата за зимска заштита на овошките


Со зголемениот обем на производство на земјоделски производи во 50 -тите години започнува да биде неминовно употребата на заштитни средства. Најнапред земјоделците започнале во домашни услови да комбинираат некои состојки како вар, син камен и друго. Подоцна, во 70 – те години доаѓа до масовна употреба на хемиските препарати за заштита како доста ефикасни за земјоделците но штетни за животната средина.

Во интерес на секторот земјоделство како за Европа така и пошироко пред дваесеттина години Георгијадис Костас од Грција на пазарот ја пласира неговата долгогодишна  идеја за зачувување на животната средина, био производство, поедноставно решавање на проблемите, намалување или исфрлање на хемиските препарати.

 Во тоа време Георгијадис ја формира неговата компанија за производство на препарати за прихрана и заштита на растенијата без употреба на хемија. Меѓу првенците во неговата палета препарати е сега нашироко познат  SULFURBAKARKALCIUM, кој од година во година се повеќе е баран производ, а резултатите  ги бележат повеќе врвни институции како Институтот за заштита на растенијата од Солун на чело со Проф. Др.Зандалиди Зои, факултетите од Волос и Солун, институтот од Крит  Amerikan chemihalSociety и други.

Сулфур  бакар калциум е редок пример на препарат кој успешно ги заменува маслата за зимска заштита на овошките.

 Начинот на производство и добрата комбинација на состојките овозможува препаратот да навлезе длабоко под кората на дрвото, ги уништува инсектите кои останале да презимат во кората на дрвото но ги уништува и јајцата на инсектите. Затоа овој препарат се покажа како  единствен во борбата против „псила“ кај крушата, кој делува и на инсектот и на јајцето. Јонизираниот бакар произведен по нано технологија  ги уништува спорите на болестите , вирусите и бактериите (fuzikladium,monilinia. erwinia,taphrina deformans,boutrytis).

Најдобрите резултати  има доколку  првото  третирање е крај на ноември после паѓањето на лисјата. Второто третирање февруари и третото третирање пред розе папка со дози кои ќе ги одреди агрономот во зависност од културата.

Вака третирани овошките започнуваат нова вегетациска сезона без болести и инсекти, со што понатаму во вегетацијата се намалуваат третирањата за заштита на до 50%. Овој препарат кај нас го има под истото име Сулфур бакар калциум преку овластениот застапник GEOVET HELLAS -BIOAGRAR RESEN.

Ное 8, 2019agrotim2
Зaдруга на 600 земјоделци во Грција: Сигурен пласман, организирано производство и стандардиОдгледување лимон во саксија

Напишете коментар Откажи одговор

08/11/2019 Органско производствоангела, грчки, заштита, круши, органско, производство2,025

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019