Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Календар на земјоделски активности за април
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Календар на земјоделски активности за април
Совети

Календар на земјоделски активности за април

Објавено 31/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овоштарство

Овој месец започнува интензивната заштита на растенијата кај овошните видови. Првиот третман, во текот на самиот почеток на вегетацијата има за цел да не се дозволи масивен развој на болестите и штетниците. Исто така, во овај период почнува и обработката на почвата за уништување на плевелите.

Малини – во овај период се јавува Малиновата буба. Штета предизвикуваат и ларвите и возрасните единки, па затоа борбата против неа треба да биде навремена.

Јаболка – полека се јавува опасноста од пепелница и чадлива краставост. Со цел тоа да се спречи препорачливо е да се користат комбинирани фунгициди кои што делуваат и на двете болести истовремено.

Цреши и вишни – на почетокот на самото цветање треба да се испрска со регистриран фунгицид против монилија, а веднаш по прецветувањето се препорачува прскање против сачменка.
Доколку на стеблата од дрвата се забележи земја, таа треба внимателно да се отстрани и направените рани да се премачкаат со овоштарски восок.

Јагоди – овој период е време за садење на јагоди. Растојанието помеѓу редовите треба да биде 30 – 40 см, а во редовите 15 – 20 см.

Градинарство

Во овој период во јужните региони може да се посади раниот модар патлиџан.
Растојанието помеѓу редовите треба да биде 50 – 70см, а внатре во редовите 50 – 60см.
Кај кромидот, доколку е влажно времето во овој период е можна појава на жолти дамки на листовите и појава на пламеница. Доколку се забележат првите симптоми потребно е веднаш да се изврши третирање со соодветни регистрирани фунгициди.
Раните домати се препорачува да бидат посадени во период од 17 до 30 април, средно касните во периодот од 25 април до 15 мај. Краставиците се препорачува да бидат посадени во период од 25 април до 10 мај.
Продолжува грижата за растенијата кои што треба да бидат посадени. Неколку дена пред садењето тие треба да бидат истретирани профилактично.

Лозарство

Во овој период кроењето на лозјата веќе треба да биде завршено. Доколку не е извршена пролетна обработка и внесување на ѓубрива, потребно е во текот на овој месец да се заврши со таа агротехничка мерка. Треба да се користат комбинирани ѓубрива со брза апсорпција. Потребно е да се започне со првите обработки на почвата и уништување на левелите.

Поледелство

Се извршува подготовка на почвата за сеење на топлољубивите поледелски култури.

Рок на сеидба:

Ориз – 20.04 – 20.05
Памук – 20.04 – 05.05
Пченка – 10.04 – 30.04
Кикиритки – 10.04 – 30.04

Започнува третманот со хербициди кај пченицата и јачменот, зависно од видот и фазата на плевелите, со соодветни хербициди.
Потребно е да врши редовно следење на посевите.

Цвеќарство

Ова е време кога се сеат тревните смески. За површина од еден метар квадратен потребни се од 40 – 60 гр семе.

Потребно е кај цвеќињата да се следи појавата на вошки и веднаш да се истретира со соодветен инсектицид.

АПРЗ

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Нето платата во април 48.779 денари
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Таг:априлјаболкамалини
Претходен напис Еврокомесарот за земјоделство го поддржува ограничувањето на трговијата со Украина
Следен напис Во Франција до 2050 година е можно постепено укинување на пестицидите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?