Европскиот комесар за земјоделство Јануш Војчеховски рече дека ќе поддржи ограничување на трговијата со Украина доколку Полска предложи такво решение, во услови на растечкото незадоволство кај земјоделските производители поради ефектите од украинскиот дампинг врз цените на житарките во Европа.
–Доколку полската влада побара трговски ограничувања со Украина, јас очигледно ќе го поддржам тој предлог – изјави Војчечовски за новинарите во Брисел.
Најголем дел од житарките, 87 отсто, одат од Украина во развиените земји. Украинските производи се испорачуваат во Шпанија (10,8 отсто) и во Романија (13,6 отсто) по дампинг цени како добиточна храна. Уделот на Кина во купувањето житарки во рамките на договорот изнесувал 12,1 отсто.
На развиените земји им се испорачува скоро целокупниот обем на украинско жито.
