Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 24.09.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 24.09.2026 година
Агровести

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 24.09.2026 година

Објавено 24/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првите денови од изминатата недела имавме променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд, но веќе во втората половина следеше пад на температурите. Минималните температури измерени на метеоролошките станици во изминатите два дена се спуштија под нулата во некои повисоки места, па така на 23 септември во Демир Хисар беа измерени -0.8°C, а на Суви Лаки (Берово) -0.4°C, додека уште постудено беше утрото на 24 септември, кога во Демир Хисар температурата се спушти до -2.3°C, во Делчево беа измерени -2.2°C, а во Берово -1.9°C.

Температурите под нулата во овој дел од септември претставуваат ран есенски мраз, кој може да предизвика сериозни штети кај културите кои сè уште се во активна вегетација, односно влијаат врз зеленчукот и овошјето кои сè уште не се прибрани. Кај топлољубивите едногодишни култури како што се пиперката, доматот и компирот, можна е појава на оштетувања на листовите и на самите плодови, а доколку грозјето од доцните сорти сè уште не е обрано, вака ниските температури можат да ја намалат содржината на шеќер во зрната, поради што се советува земјоделските производители итно да ги оберат сите дозреани плодови на отворено за да го спасат родот. Останатите култури се во период на предсеидбена подготовка, фаза на која треба да ѝ се посвети посебно внимание, при што површината на почвата треба длабоко да се обработи, а по ова да следи дополнителна површинска обработка со цел да се создаде растресит и иситнет слој во кој правилно ќе се посее семето. Паралелно со обработката, треба да се изведе и основното ѓубрење како клучна агротехничка мерка, бидејќи поголемиот дел од нашите почви се скудни со азот и фосфор, на што мора да се обрне посебно внимание, а со ваквата правилна и навремена обработка се создаваат оптимални услови за акумулирање на доволно влага во земјата и се стимулира активноста на корисните почвени микроорганизми.

Под влијание на циклонска активност времето утре ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.

Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 3°C до 13°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 14°C до 27°C.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Исплатени над 6,5 милијарди денари субвенции, следуваат засилени контроли за спречување злоупотреби
ЕУ е загрижена поради најавите од САД за забрана за извоз на дизел
„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари
Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати
Стопанската комора со серија настани за кредитирање, локален развој и дигитална трансформација
Таг:Земјоделски културијаболкапрогноза
Претходен напис Серафимовски: Исплатени над 6,5 милијарди денари субвенции, следуваат засилени контроли за спречување злоупотреби
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?