Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Какво сирење се добива од „среќните кози“?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Какво сирење се добива од „среќните кози“?
Предлог бизнисСточарско производство

Какво сирење се добива од „среќните кози“?

Последна измена: 01/07/2020 11:46
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Кога започна со производство на сирење, семејството Кулиќ во понуда имале полутврдо сирење без додатоци и бело сирење кришка. Со текот на времето се развивале нови производи и го збогатувале асортиманот. Денес во понуда имаат козјо сирење со сремуш, боровинка, сушен домат, зелен бибер но и козјо сирење со црни тартуфи.

Земјоделското стопанство на семејството Кулиќ од Голем Гај во Банат произведува козјо сирење. Идејата да направат мала фарма на која ќе одгледуваат кози и да произведуваат кoзјо сирење од 100 отсто козјо мелко со врвен квалитет се родила во 2012 година.

” Сакавме нашите кози да бидат среќни на фармата, бидејќи само „ среќни кози даваат здраво млеко. Тако во 2014 година направивме бренд „ Среќна коза“, под кој своите производи ги продаваме на купувачите“, вели Ива Кулиќ.

Кога започнале со производство на сирење во понудата имале полутврдо сирење без додатоци и бело сирење. Со текот на времето развиле нови производи и го збогатиле својот асортиман. Покрај полутврдите сирења „ Среќна коза“ произведуваат козјо грил сирење, димено сирење.

Полутврдото сирење без додатоци “Clasic” е прв во понудата на производи, тој е основа за сите сирења со додатоци. Со компактна текстура , со малку повеќе шуплини, полн и едноставен вкус на зрело сирење со специфичен вкус на козјо млеко. Хранливата вредност на козјото млеко е сконцентрирана во овој производ. Во текот на созревањето на сирењето доаѓа до активирање на низа биоактивни соединенија. Сирењето е со специфична арома, наменет за потрошувачите кои сакаат и уживаат во здравиот и единствен вкус.

Сирењето со боровинка може да биде и десерт

Лековитите својства на боровинката одамна се познати, фантастична е кај анемија, своите благотворни својства ги истакнува во подобрување на видот, крвотокот, забавување на стареењето. Козјото сирење со боровинка е спој на здравје и несекојдневна мешавина на сирење и овошје. Хедонистите и оние кои сакаат да експериментираат со вкусови, секако ќе пробаат и ќе уживаат во неверојатниот спој на арома, вкус и мирис.

Оваа комбинација на сирење и овошје може да послужи и како десерт со додаток на овошен прелив.

Тартуфи и сремуш за уживање и здравје

Тартуфите се најскапи печурки на светот. Лековити, извонредна вредна храна за мозок, моќен афродизијак, специфичен вкус и неодолива арома. Своите благотворни својства поволно ги изразува на целокупниот организам. Од друга страна, дивиот лук или сремуш познат е по своите лековити својства, поволно делува во решавање на високиот холестерол, притисок, како чистач на целокупниот оргнизам. Мешавина на козјо сирење со сремуш е добитна комбинација за здравје и уживање.

Уште и сирење со сушен домат и зелен бибер?

Интересен производ “Среќна коза“ е и сирење со сушен домат. Оваа комбинација, спoред сопственичката е извонреден спој на вкус, мирис, неодолива арома во која уживаат сите генерации. Доматот е богат со ликопен, антиоксиданси, поволно делува на срцето, го подобрува варењето, изобилува со витамини кои благотворно делуваат на целокупниот организам.

Зелениот бибер е  многу ароматичен зачин со препознатлива блага лута нота благодарение на содржината на етерични масла. Благотворно делува на имунитетот. Тој е застапен на трпезата нa купувачите кои сакаат пикантна храна.

Одлична реакција на купувачите на новите лимитирани серии

Кришка, во рамки на производите на семејството Кулиќ е меко сирење со бела боја. Со својот благо ксиелкаст и солен вкус на препознатливата арома на козјо млеко. Она што е интересно е тоа дека семејството Кулиќ на своите купувачи секоја година им нуди нов производ, како и лимитирани серии.

” Така нашето сирење со додаток на црно пиво и сирење со додаток семки од тиква имаа извонредни повратни реакции на нашите купувачи“, со гордост раскажува Ива и додава дека на фармата во состав на стопанството со кози водат сметка врвни познавачи и тие прават се козите да бидат среќни а за возврат добиваат млеко со врвен квалитет.

Ѕвезда водилка отсекогаш ни беше квалитетот на нашите производи а задоволните купувачи и нивните пофалби, препорака нам ни се дополнителен ветер во грб. Се трудиме да развиваме неодоливи нови вкусови и постојано да спремаме нешто ново за да ги изненадиме“, вели Ива.

Извор: Agroclub

Може да ви се допадне

Од кисела зелка до сливи во чоколада: Како 52 производители од селата кај Чачак, Горњи Милановац и Лучан се собраа и отворија онлајн продавница
(ВИДЕО) Боне Спасовски од Виничани држи час по лозарство: После три години работа, од темјаниката очекувам добар род!
Aberdeen-angus, раса на говеда со црна боја
Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Дејан ги наплаќа садниците 10 евра: Без неговиот производ нема ни Дубаи чоколадо
Таг:козјоразличнисирење
Претходен напис Инженер за градежништво отворил фарма на која одгледува 250.000 многу барани полжави, инвестицијата се враќа втората година
Следен напис Овие денови – опасност од локално невреме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?